Фејсбук и неморалот

Повеќе... Додадете го и ова на листата на социјалните зла кои ги предизвикуваат онлајн заедниците како Твитер и Фејсбук: опаѓањето на моралните вредности. Всушност, само беше прашање на време кога и ова ќе се најде на листата на предупредувања на истражувачите.

facebook.jpgДодадете го и ова на листата на социјалните зла кои ги предизвикуваат онлајн заедниците како Твитер и Фејсбук: опаѓањето на моралните вредности. Всушност, само беше прашање на време кога и ова ќе се најде на листата на предупредувања на истражувачите.

Според истражувачите, денешните медиуми кои се фокусирани на брзината можат да не направат индиферентни кон човечкото страдање не оставајќи ни време за да ги „свариме“ информациите кои ги примаме преку нив. Тие открија дека емоциите поврзани со моралните вредности по природа се бавни за да можат да им кореспондираат на вестите и настаните и тие не можат да бидат во тек со забрзаното модерно време.

Додека е потребно време за потполно да се восприеми и сфати една приказна поврзана со патење и страдање, веќе сме апдејтувани со некоја нова. Со помош на мозочно скенирање истражувачите откриле дека на волонтерите им биле потребни неколку  секунди за да реагираат на знаци на физичка болка кај другите, но за чувство на восхит и сочувство- двете социјални емоции кои го дефинираат човештвото – потребно било многу повеќе време. 

Активностите како читање книги и средба со пријатели, каде луѓето можат да ги дефинираат нивните морални вредности, се заменети со кратки исечоци од вести и социјални заедници кои  наметнуваат забрзано движење од една до друга информација. Со оглед на тоа што ваквиот начин на восприемање на информации станува глобален, овој проблем може да стане широко распространет, предупредуваат истражувачите. Децата се особено ранлива група, бидејќи нивниот мозок е сé уште во развој.

„Доколку работите продолжат да се движат со олкава брзина, вие нема да можете потполно да ги искусувате емоциите за психолошката состојба на другите луѓе и тоа може да има импликации на вашата моралност“ според еден од истражувачите. [Twitter and Facebook could harm moral values, scientists warn]

- Реклама -