Правила за прв состанок

first-date-rules-intro.jpg Првиот состанок може да биде прекрасен, но може да биде и катастрофален. Со помош на Esquire направивме мала сликовница на тема „Прв состанок“ – насоките се универзални и во седум чекори ќе дознаете како да ги избегнете непријатните мигови. А дали ќе си поминете незаборавно… не постојат правила што може да ви го гарантираат тоа.


Првиот состанок може да биде прекрасен, но може да биде и катастрофален. Со помош на Esquire направивме мала сликовница на тема „Прв состанок“ – насоките се универзални и во седум чекори ќе дознаете како да ги избегнете непријатните мигови. А дали ќе си поминете незаборавно… не постојат правила што може да ви го гарантираат тоа.

first-date-rules-1.jpg
Облечете се во согласност со приликата. Но секогаш е подобро да бидете поелегантни отколку порасторбешени отколку што треба.

first-date-rules-2.jpg

Бидете точни. Немојте да носите цвеќе. Евентуално може да донесете некоја ситница што знаете дека ќе и` се допадне.

first-date-rules-3.jpg

Намалете ја музиката, почнете да разговарате уште во кола. Ако возите, одолејте и` на потребата да возите пребрзо или да правите шеги со пуштање на воланот или приближување до други коли – никогаш не е смешно.

first-date-rules-4.jpg

Во ресторан заедно договрете се на која маса ќе седнете и дозволете прва да си го одбере местото. Никогаш немојте да нарачувате за неа.

first-date-rules-5.jpg

Ако седнувате некаде на пијачка, убаво е да не пиете повеќе од неа, но и да не пиете помалку од неа.

first-date-rules-6.jpg

Не дозволувајте да си оди сама, испратете ја до такси или до дома, а дали ќе се држите за рака по пат, дали ќе се бакнете или ќе направите нешто повеќе треба спонтано да откриете. Немојте да прашувате или да молите – заборавете на „Може ли да…“, како и да мислите да ја завршите реченицата.

first-date-rules-7.jpg

Потоа: Јавете се следниот ден, ако крене слушалка кажете и` дека вчера си поминавте убаво (секако, под услов вчера да сте си поминале убаво) и договорете следна средба. Ако не ви крене, ќе види дека сте ја барале и сама ќе ви се јави. Имате право на две вртења и ако останете без повратна реакција – повлечете се.

- Реклама -