Кога станува збор за храна, сендвичот дефинитивно е еден од најгенијалните изуми на светот, едноставен и вкусен оброк…
Има примери за сендвичи уште во древната еврејска сага “Хилел Постариот” во кој наводно главниот јунак јадел месо ставено во две парчиња леб. Средновековните луѓе, пак, храната ја јаделе поставена на тенки парчиња леб т.н. “тренчери”, што пак, означува предок на модерните сендвичи. Најпознатиот сендвич му се припишува на Џон Монтаг, кој бил коцкар и кој за да не ја напушта масата додека играл карти им наредувал на слугите да му носат парче месо ставено меѓу две кришки леб, за потоа рацете да му бидат чисти додека игра карти, зборува легендата.
Денес постојат секакви оброци, а со комбинација на разни додатоци можат да се направат не само оброци туку врвни сендвичи. Еве ја листата на десетте најдобри според анкетата на сајтот Screwattack.com која ние ви ја пренесуваме вам.
10. БЛТ
Сланина, зелена салата и доматен сос е најдобрата комбинација за лебот. Обично се служи со тост лепчиња, а некои додаваат и авокадо, па дури и сланината ја пржат во малку оцет.
9. Крцкавиот Бати
Овој сендвич е најмногу познат во Британија. Состојките се бел леб внатре премачкан со маргарин, помфрит и кечап. Звучи како лоша комбинација и не се вклопува во трендовите за здрава храна, но сендвичот е и повеќе од вкусен.
8. Пан-багет
Во овој специјалитет на Ница вкусовите се совршено распоредени, а за да го направите овој сендвич ви треба француски леб, салата од туна (ако е од конзерва оставете го маслото, не го истурајте), зелен бибер, црвен лук, тврдо варени јајца, маслинки, доматен сос и прелив кој се прави од црвено вино, сенф, сол и бибер.
7. Кубански сендвич
Од овој залак никогаш доста. Се наведува дека бил омилен меѓу кубанските работници и станува сè повеќе популарен во светот. Класичната комбинација од шунка и сирење се зачинува со печено свинско месо и швајцарско сирење, краставички и сенф помеѓу лепчињата. Клучот на овој сендвич е во тостирањето, кој лебот го прави потенок и крцкав. Доколку немате тостер можете лепчињата кои сте ги премачкале со путер да ги испечете во тава притискајќи ги одозгора со друга тава на пример. Уште подобро би било ако во загреаната рерната над сендвичот поставите две тули замотани во фолија.
6. Рубен
Наводно настанал во деликатесната продавница “Рубен” во Њујорк во 1914 година. Типичниот Рубен сендвич се состои од говедски гради, кисела зелка, швајцарско сирење, руски или некој исландски прелив измеѓу кришките кои се потпекуваат на скара. Овој оброг е сосема сигурно дека не може да се јади во движење, тврди сајтот.
5. Мрзливиот Џо
Ова е дефинитивно машки сендвич кој се состои од земички исполнети со сос од телешко месо, лук и сос од домати. Потсетува на хамбургер, но сепак е само сендвич.
4. Грилован сендвич со сирење
Дали има нешто поедноставно од грилован сендвич со сирење? Топол и вкусен, најдобро оди со супа од домати, а покрај класичните состојки – сирењето, може да се додаде и мајонез, кечап, зелена салата…
3. Сендвич со свинско месо подготвено на скара
Најважно е месото да биде вистински подготвено, печено на тивок оган на скарата. После целата процедура, месото е толку меко што се топи. Се става во земичка и се зачинува со сос и црвена зелка.
2. Филаделфиска шницла со сирење
Луѓето од Филаделфија премногу сериозно му пристапуваат на правењето сендвичи, а овој е еден од најдобрите. Месото се сече во тенки ленти и се прелива со топено сирење или кашкавал. Едноставно, а вкусно!
1. Сендвич со путер од кикирики и желе
Овој сендвич дефинитивно е на првото место. Всушност е и најпрактичен затоа што за подготовка може да искористите било каков леб, желе па дури и нешто друго во замена за путерот од кикирики. Одличен е и со додаток од какао-крем, суво овошје, свежи банани, краставички и слично. Во него просто можете да ставате сè, бидејќи е толку добар што ништо не може да го расипи неговиот вкус.