Што би сакале да знаете на почетокот на кариерата

intro_delovni_fakti.jpg Пред вас е листа од 36 нешта што секој би сакал да ги знае на почетокот на кариерата. Најчесто луѓето ги дознаваат премногу доцна, но благодарение на 365 вие може да бидете во предност уште на самиот почеток!

Пред вас е листа од 36 нешта што секој би сакал да ги знае на почетокот на кариерата. Најчесто луѓето ги дознаваат премногу доцна, но благодарение на 365 вие може да бидете во предност уште на самиот почеток.

good_job_warm.jpg

1. Кариерата што мислите дека ќе ја имате? Тоа не е кариерата што на крајот ќе ја имате. Работата за која учевте? Тоа не е работата што на крајот ќе ја имате.

2. Добар дел од работниот ден ќе немате што да правите.

3. Состаноците скоро никогаш не решаваат нешто и никогаш не завршуваат на време.

4. Многу ќе се посрамотите и можеби ќе си ја загрозите кариерата на барем една новогодишна забава организирана од фирмата.

5. Колегите на кои може да им верувате може да ви наштетат.

6. Платата е околу седење и стоење. Колку повеќе седите, толку повеќе ќе бидете office-email.jpgплатени.

7. Познавањето на резултатите на актуелните спортски настани е клучна вештина за канцелариски муабетења.

8. Веројатно сте далеку, далеку преобразовани за работата што ја имате.

9. Има многу поважни работи во вашиот живот отколку вашата кариера.

10. Најдобро е што порано да почнете со „тргање пари на страна“. Направете си сопствен систем на плаќање мали придонеси за иднината.

11. Некои работни средини имаат идентична хиерархија како во средно.

12. Да знаете како да изгледате зафатено е особено важна вештина за преживување.

13. Филмот Office space не е само филм

{youtube}gcD-WfodFkY{/youtube}

14. Најверојатно никогаш нема да сретнете среќен сметководител.

15. Никој вистински не одвојува време за адекватно да ве подготви. Сите нови вработени се неадекватно обучени.

vizija_kompanija.jpg16. „Главните“ во фирмата се пофокусирани на својот имиџ, отколку на комплетниот успех на компанијата.

17. Грешките што ги правиш понекогаш повеќе значат од нештата што ги правиш токму како што треба.

18. Кога кариерата е единствената добра работа што ја имаш во животот, време е да си го преиспиташ животот.

19. Онаа привремена работа со која се помири? Дали е навистина привремена ако и по толку време се уште ја работиш?

20. Борбата за територија и превласт постои во секоја канцеларија, без разлика колку е мала.

21. Бидете фини со секретари/ките, тие се клучот на се` што се случува во фирмата.

22. Ретко се случува колегите навистина да се попаметни од вас – се` е прашање на самодоверба.

bosses-diaper.jpg23. Стар не е исто што и мудар.

24. Леле мајко, канцелариските wc-иња и тоа како може да бидат грозни.

25. Никогаш нема вистински да се одморите. Кариерата секогаш значи градење, движење напред.

26. Вашиот шеф е човечко суштество како и вие.

27. Никој нема да верува во вас, повеќе од самите вие.

28. А ако не верувате во себе, никаде не одите.

29. Канцелариското оговарање може да биде смртоносно.

30. Пауза за ручек – не ја прескокнувајте. Не добивате екстра поени за работа во тој период, а ви помага да не полудите.

job_stinks.gif31. Можно е еден ден да се разбудите и да сфатите дека ја мразите вашата „работа од соништата“.

32. Се плашите да си дадете оддишка, но понекогаш тоа е она што мора да го направите.

33. Колата со која доаѓате на работа е многу важна. Колегите многу често ве оценуваат според возилото.

34. Тајмингот, како и локацијата, е буквално се`.

35. Изберете ја работата што се плаќа најмалку, а има најзвучно име и опис на работното место; наспроти работата што најдобро се плаќа, а има најлош назив.

36. Работете го она што го сакате, дури и ако се плаќа помалку од нешто друго во што сте добри.

- Реклама -