Најнеобични гаџети на соларна енергија (видеа)

Најнеобични гаџети на соларна енергијаСте помислиле ли некогаш на бикини напојувани со соларна енергија? Овој нов изум е наменет за оние девојки што сакаат да се исончаат, а во исто време да имаат електрична енергија со која можат да ги полнат уредите или да си го изладат пијалакот. Но, ова секако не е најлудиот соларен гаџет…

Најмалото соларно кино

Најнеобични гаџети на соларна енергијaКиното Сол е најмалото кино на светот кое во целост се напојува со соларна енергија. Чудно, ова кино оперира во Англија, каде што и нема толку многу сончеви денови, но Пол О’Конор вели дека сите кина во светот треба да започнат да се напојуваат со обновливи видови енергија, за да се заштити околината. И покрај несончевото поднебје, тие успеваат да го одржат киното во функција преку целата година, на различни локации.

Соларен авион

{youtube}5oNHD41MLMk{/youtube}
НАСА веќе започна да го развива концептот за летала напојувани од сончевите зраци. Во Калифорнија е конструиран „Петфајндер“, лесниот беспилотен авион со соларни панели, кој е почеток на плановите за создавање цела флота што ќе ја користи само енергијата од сонцето.

Соларен скутер

{youtube}BdfO3fkYoQU{/youtube}
Тери Хоуп работел на брод долг 26 метри. Сакал да си донесе електричен скутер, но капетанот не му дозволил, освен ако тој скутер не биде доволно мал за да може да се спакува во куфер и да не се полни од електричната мрежа на бродот. Тогаш Тери се зафатил со работа и го конструирал овој модел, кој е хибрид и се полни од сончевите зраци, како и од кинетичката енергија.

Најголемиот брод на соларна енергија

Најнеобични гаџети на соларна енергија„Планет солар“ е јахта дизајнирана во Германија. Се работи за најголемиот пловен објект кој е во целост напојуван од сончевите зраци. Во проектот се инвестирани 18 милиони евра. Димензиите на јахтата се 31 метар должина, 15 метри широчина и 7,5 метри височина. Панелите што ја прекриваат имаат капацитет да заробат 103 киловолти електрична струја, а напојуваат мотор на кој му се потребни едвај 20. Просечната брзина на јахтата е 14 километри на час, а може да достигне и до 27.

Прочитајте и:  Рециклирање електронски отпад до ретки метали

Соларен череп

Најнеобични гаџети на соларна енергијаДоколку сакате да исплашите некого, ова е одлична можност. Соларниот череп има вградени панели кои ја полнат батеријата преку ден, а потоа енергијата им овозможува на жолтите очи да светат навечер. Дополнително, черепот има реалистичен изглед и може да ви послужи како добар реквизит за забави. Цената му е околу 20 долари.

Соларен фрижидер

Најнеобични гаџети на соларна енергијаЕмили Каминс е позната во Намибија како „Дамата со фрижидерите“. Ова се должи на фактот што таа измислила фрижидер напојуван со соларна енергија, за да им помогне на сиромашните во Африка. Принципот на работа е многу едноставен. Фрижидерот се состои од два цилиндри, еден во друг. Внатрешниот е метален, додека надворешниот може да биде дрвен или пластичен. Просторот помеѓу цилиндрите се полни со песок или со земја, кои се потопуваат во вода. Како што сонцето го загрева надворешниот цилиндер, водата започнува да испарува, што пак влече топлина од внатрешниот цилиндер и ја држи неговата внатрешност на температура од 6 степени целзиусови.

Надгробен споменик на соларна енергија

Најнеобични гаџети на соларна енергијаОвој електронски надгробен споменик овозможува во него да ги складирате сите ваши дигитални информации, од социјалните мрежи, блоговите и сајтовите и истите да ги раздели на вашите посетители. Конекцијата се остварува со помош на смартфоун или преку blue tooth кој е интегриран во крстот. Заинтересираните ќе можат да преземат од информациите кои се внатре, но и да додат нешто свое.

- Реклама -