Хит лето 2013 – Светли бои

Секое лето подразбира весели и силни бои, меѓутоа тренд и оваа сезона се флоресцентните детали. 
Секако најпопуларни се розевата и жолто/зелената боја, најпрво поради својата впечатливост, а потоа веселоста, свежината и динамичноста која ја носат со себе.

svetli boi 1

Што се однесува до дневните варијанти, не треба да претерувате од глава до пети со овие бои – едно парче или детал ќе ви бидат сосема доволни. Доколку сакате да бидете модерни на работното место, ви предлагаме палто во светло жолта боја, кое одлично се надополнува со сите пастелни нијанси. Истотака, жолтото здолниште може да изгледа многу шармантно, ако е соодветно искомбинирано  со останатите парчиња од гардеробата.

svetli boi 2

Доколку повеќе сте љубител на розевата боја, за дневна варијанта ви предлагаме манго/розова боја, од причина што со оглед на силната дневна светлина нема непристојно да „упаѓате“ во очите на луѓето.

Што се однесува , пак, до вечерните комбинации, можете да си играте со боите по ваша желба. Комбинирајте упадливо жолта, со неутрални мотиви (на пример, маица и панталони), понатаму сосема еднобојни комбинации (жолта со жолта), или дури и жолта со розева.

svetli boi 3

Посебно интересни се светлите асесоари, како што се наушниците, ланчињата, брезлетните  или пак некоја добра чанта.

 

- Реклама -