Од проста грижа за животната средина, постепено, да бидеш „зелен“ се претвори во мода, извор на бескрајна претенциозност и, како што можеме да видиме од овие генијални гаџети -инспирација за многу глупави нешта. Разгледајте ги овие гаџети и обидете се да најдете логика во нив.
Од проста грижа за животната средина, постепено, да бидеш „зелен“ се претвори во мода, извор на бескрајна претенциозност и, како што можеме да видиме од овие генијални гаџети -инспирација за многу глупави нешта. Разгледајте ги овие гаџети и обидете се да најдете логика во нив.
10. Соларни завеси
Овие завеси во текот на денот ја складираат сончевата светлина, за навечер да можат да ви ја осветлат собата. Она што е фасцинантно за овој производ (уште повеќе за неговиот изумител) е тоа што изгледа дека заборавил на фактот дека за да се наполнат соларните ќелии, завесите мора да бидат спуштени преку ден, што пак ќе ве натера да ја вклучите електричната светилка, за да можете да видите каде одите.
9. Машки еко-часовник
Ако секој маж на планетава носеше на себе еко-часовник напојуван од соларната енергија, нивоата на јаглерод диоксид во атмосферата ќе останеа апсолутно еднакви на сегашните. Она што ќе се намалеше рапидно е точноста на луѓето.
8. Брош со соларно напојување
Едноставен производ – треба да го поставите на страната од телото што постојано ви е изложена на сонце и тој во себе ќе собере доволно енергија за да можете да го наполните мобилниот, веројатно за неколку минути повеќе одошто претходно бил наполнет. Интересно е што рекламата за овој производ инсистира дека тој може лесно да се смести во вашиот џеб. Сепак, нема многу сонце во вашите џебови, нели?
7. Соларни подметнувачи за чаши
Затоа што подметнувачите за чаши директно влијаат врз нивото на океаните и топењето на половите, најважно беше да се измислат нови, соларни подметнувачи кои ќе ви ја осветлуваат чашата во разни бои.
6. Штедач на гориво
Овој гаџет се приклучува на дијагностичкиот порт од автомобилот и потоа ги мери параметрите, за да ви каже како да заштедите повеќе гориво. Но, ако имате нерви да возите побавно, да кочите нежно, да го исклучувате моторот на семафори и сл., тоа можете да го направите и без да купувате скап гаџет, нели?!
5. Соларно радио на навивање
Внимавајте! Ако го купите овој гаџет, не излегувајте со него на дожд. Воопшто не е водоотпорен. Може да работи на соларна енергија, но само доколку цел ден е изложен на директна светлина. Инаку, започнете да го навивате, доколку имате некој итен случај за кој е неопходно радио, се разбира.
4. Часовник на вода
Гаџет кој функционира на принцип на вадење енергија од мешавина на вода и сок од лимон. Она што е идиотско е фактот што треба да ја менувате течноста на секои 6 седмици, а количината енергија што ќе ја заштедите е минимална. Дополнително, овој модел нема будилник. За модел со будилник ќе платите 29 долари и ќе треба да ја менувате водата многу почесто.
3. Рециклаторска станица
Иако веќе рециклирате, сигурно умирате некому да му платите 270 долари за пластичен контејнер кој ќе ви одземе многу простор, за во него, на исто место, да можете да ги одделите: пластиката, стаклото, хартијата и металот… другите производи можете да ги одделувате на друго место, зашто толкав е капацитетот на овој извонреден производ.
2. Tweet-a-Watt
Живеете „зелено“, но не знаат доволно луѓе на планетава за вашата саможртва за планетата? Едноставно – земете го новиот производ што се поврзува со сите можни „зелени“ производи и со компјутерот и потоа се фали на Twitter место вас. Сега сите ќе знаат колку многу енергија сте заштедиле и како. Одлично, нели?
1. Машина за бричење на навивање
Мажи, ве мрзи да се бричите секое утро? Некој генијалец има решение за вас. Наместо да го движите бричот со рака, ќе можете да се избричите со машинка… која претходно треба да ја навивате цела една минута, со голема брзина! Ништо подобро за расонување. Уживајте во бричењето.