Најдобри и најлоши гаџети во 2009 година

ГаџетиСо оглед на неверојатното темпо на развиток на технологијата, секоја година се вадат илјадници нови гаџети. Следува листата од најдобрите и најлошите гаџети што се појавија во годинава која е веќе при крај.

Со оглед на неверојатното темпо на развиток на технологијата, секоја година се вадат илјадници нови гаџети. Следува листата од најдобрите и најлошите гаџети што се појавија во годинава која е веќе при крај.

Најдобри гаџети:

ГаџетиKindle 2 International Edition

Откако компанијата Amazon го претстави електронскиот читач со цена од 259 долари, истиот го промени пазарот на електронски читачи. Она што беше различно од сите претходни вакви гаџети беше можноста за симнување книги директно од интернет, од која било локација; како и одличниот подобрен дизајн.

ГаџетиSamsung 8500 Series LED телевизор

Самсунг, во битката со конкурентите, претстави нова технологија која штеди енергија, а истовремено овозможува вадење на слика со супер висока дефиниција и дебелина од помалку од 5 сантиметри. Истиот чинеше 3700 долари.

ГаџетиIdeaPad S12 Netbook

Lenovo направи исчекор во доближување на лаптопите со netbook-овите, со тоа што го направи првиот своевиден хибрид. Овој модел има дисплеј од 12,1 инч (30,7 сантиметри), слика со висока резолуција, одличен звук, добри перформанси, а истовремено и долг век на батеријата, голема преносливост и едно од најважните нешта – мала тежина. Цена – 599 долари.

ГаџетиDual-View TL220 Digital Camera

Понекогаш се појавуваат производи кои имаат толку многу смисла, што веднаш си помислувате – како никој до сега не се сетил на ова?! – Таков е случајот со новиот 12 мегапикселен дигитален фотоапарет од Самсунг. Она што е револуционерно кај овој фотоапарат кој чини 250 долари, е дисплејот од 3,8 сантиметри со чија помош можете да го наместите кадарот кога сакате да се наместите за семеен портрет. Истиот може да се искористи за зачувување на вниманието од децата, со анимациите кои е способен да ги пушта.


Најлоши гаџети:

ГаџетиAspire EasyStore H340 NAS Server

Идејата за овој производ во суштина е добра – машина што ќе ви овозможи да складирате над 500 илјади дигитални фотографии, преку 350 илјади mp3 песни и 4285 часови филм, а потоа, до нив да можете да дојдете од кој било друг систем на планетава. Проблемот започнува во делот на софтверот. Ако се случи да го загубите инсталациониот диск, не постои начин информациите да ги симнете од официјалниот сајт. Но, тоа не е најлошото нешто. Машината доаѓа со McAfee антивирус кој не може да биде изваден, а значително ја забавува работата.

ГаџетиTwitter Peek

Во ситуација кога можете да твитате од речиси секој мобилен телефон, се поставува прашањето – колку е потребен гаџет ексклузивно посветен на Twitter? Peek чини 200 долари и неговата единствена намена е твитање.

ГаџетиPoGo Instant Digital Camera

Идејата на Polaroid беше да извади фотоапарат што може инстантно да печати фотографии. Цената му беше 180 долари. Проблемот со овој производ е неговата тежина што го прави пролонгираното носење наоколу сериозен проблем, а тука е и нискиот квалитет на печатените фотографии, кои многу често не ја задржуваат резолуцијата, ниту пак оригиналните бои. За 70 долари помалку можете да си купите сличен производ кој ги има истите функции и не ветува чуда кои не може да ги исполни.

- Реклама -