T-Mobile Pulse: Достапен smartphone кој навистина вреди за парите

t-mobile-pulse-420-90Новиот телефон во понудата на Т-Mobile е направен од Huawei. Овој Android OS телефон има екран од 3.5 инчи, осетлив на допир, што го прави конкурентен на iPhone и одличен избор за оние што сакаат да поседуваат smartphone за околу 250 евра.

t-mobile-pulse-420-90Новиот телефон во понудата на Т-Mobile е направен од Huawei. Овој Android OS телефон има екран од 3.5 инчи, осетлив на допир, што го прави конкурентен на iPhone и одличен избор за оние што сакаат да поседуваат smartphone за околу 250 евра.

Иако можеби на прв поглед не е дизајниран со прецизноста на iPhone 3G, телефонот нуди навистина многу апликации и алатки кои се веќе вградени од производителот и T-mobile. Да не заборавиме, овој уред на пазарот е позициониран како „платете како што трошите“.

Екранот одговара на сите команди, како и Android оперативниот систем во позадина. Телефонот ги има споено копчето за почеток и назад, што навистина заштедува време. Искрено, Pulse допрва ги отвара можностите и потенцијалите за сите производители кои не се HTC, со тоа што единствено треба да се фокусираат на хардверот, додека Google го развива оперативниот Android.

Прочитајте и:  Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години

{youtube}TAab8w0H_ak{/youtube}
Ова е лесна, евтина, секси и моќна направа која работи со вистински ОС и може да се каже дека би ги задоволила потребите (и повеќе од тоа) на еден обичен корисник на телефон/интернет. Единствената мана е отсуството на VoIP клиент како fring(наскоро) и бесплатни разговори преку Skype, кој ќе ви одземе пари од сметката и ако решите да разговарате во сопствената WiFi мрежа, како и квалитетот на камерата која не се покажа добро во услови со намалена светлина.

Доколку го купите со понуда од T-Mobile, телефонот ќе ве чини 1 денар во Доверба 24. Да напоменеме, овој телефон работи само во мрежата на Т-Mobile. [T-Mobile Pulse review] [GSM Arena спецификации]

- Реклама -