Nokia N900: Мал линукс компјутер со телефон (видео)

Nokia_N900_01-420-90Новиот телефон од Nokia кој се очекува да излезе во Ноември 2009 работи на Maemo Linux OS, и хардвер кој досега е невиден кај мобилните апарати. Зошто е ова најдобриот телефон досега?

Nokia N900 има 3.5-инчен WVGA екран, QWERTY тастатура, ARM Cortex 8 процесор со 256MB RAM кој работи на 600MHz, 32GB внатрешна меморија со MicroSD слот за експанзија, GPS, FM трансмитер, 5MP камера со блиц, 3.5mm влез, стерео звучници, стерео микрофон…. Со еден збор, компјутер!

Она што го прави овој „телефон“ интересен е што е базиран на Debian Linux, а ќе се испорачува со вграден Фајрфокс, флеш подршка, како и VoIP интеграција и скоро сите видео и аудио кодеци.

Цената за овој неверојатен телефон се очекува да биде околу 500 евра. Колку ќе биде со договор, не е познато. За крај, може искрено да кажеме дека едвај чекаме да го видиме во понудата на T-Mobile и кај нас. Очекувајте наскоро статии на 365 и од Nokia N900! 🙂  [Hands On: Nokia N900 Review] [GSM Arena specs]

{youtube}RP5R-5NX1BE{/youtube}

Да ги чуеме вашите коментари подолу…
- Реклама -