Еве кога и со кого жените имаат најдобар секс

И покрај сите гласини дека жените во денешно време го одложуваат бракот и врзувањето, новото истражување покажа дека жените, исто како и мажите, сѐ уште ја ценат емоционалната врска кога станува збор за сексуалниот живот.

Во истражувањето на Durex учествувале 2000 мажи и жени на возраст над 25 години. Дури 87 проценти жени рекле дека најдобар секс имале со партнер на кој му верувале и со кој биле во врска, а не со некој за една вечер. 95 проценти мажи се согласиле дека во емотивните врски имале поголемо сексуално задоволство.

tumblr_m7upncPhoJ1qcsb7zo1_500

Двата пола се изјасниле дека им е поважно да го задоволат партнерот отколку себе.

Во својата книга „The End of Men“, новинарката Хана Росин заклучила дека честото менување на партнерите всушност долгорочно им користи на жените и не ги спречува подоцна да најдат постојана врска која емотивно ќе ги исполни.

„На крајот секогаш ќе победи желбата за подлабока човечка поврзаност и кај мажите и кај жените“, напишала Росин.

couple-cute-kiss-love-photography-Favim.com-267586

„Нивниот период на често менување партнери ќе заврши како серија фотографии закопани на дното на нивниот Фејсбук профил. Нивниот партнер ќе знае или нема да знае за тоа, но спомените на тие времиња ќе им бидат драги, но нема да ги дефинира како личност“.

Се чини дека ако мажите и жените се во потрага по нешто подлабоко што ќе им причини поголемо задоволство, и физичко и емоционално, од низа повремени и површни „излети“,  на крајот и ќе го пронајдат.

- Реклама -