Книга: Трагично и патетично од Вуди Ален

Во оваа книга се собрани кратките драми на Вуди Ален, пишувани помеѓу 1970 и 2003 година. Во нив необичните ликови запаѓаат во најчудни и бизарни ситуации, какви што само Вуди Ален би можел да замисли.

Според зборовите на самиот автор, неговите драми се еден вид креативен премин помеѓу неговите раскази и филмови и ја отсликуваат неговата постојана преокупација со луѓе кои се обидуваат да се однесуваат колку што можат порационално во крајно ирационални ситуации. Дополнети со извонредниот дијалог и зајадливата пародија, овие едночинки вешто балансираат помеѓу трагичното и патетичното што, се разбира, неизбежно резултира со комично.

Софистицирани, сатирични и интересни до последната реплика, кратките драми на Ален успешно се изведуваат во театрите ширум светот. Нивната извонредна сликовитост ги прави одлични и за читање, поставувајќи сцена во имагинацијата на читателот и препуштајќи му ја улогата на режисер, актер и гледач истовремено.

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Книга: Трагично и патетичноДобитници на „Да се сака со отворени очи“ се:

1. Бисера Белкоска
2. Никола Аспровски
3. Нада Костадиновска

- Реклама -