Книга: Срам

СрамРоманот „Срам“ е првото големо ремек-дело на славниот Салман Ружди. Во него, на мајсторски начин се комбинираат историјата, уметноста, јазикот, политиката и религијата. Сместена во земја која наликува, но секако не е реалниот Пакистан, приказната е фокусирана врз двата главни лика – едниот славен војник, а другиот расипник и плејбој. Нивните семејни трагедии се претвораат во политичка трагедија на цела една нација.

Бајковитиот стил на Ружди на ироничен и алегоричен начин ја отсликува состојбата на Далечниот Исток, откривајќи ги вистинските, суштинските причини за политичките потреси, изблиците на тероризмот и крвавите револуции против диктаторите, кои неизбежно го обележуваат светот во кој и денес живееме. Токму затоа, Срам е еден од најчитаните и најдобро оценетите романи на Ружди.

„Срам може да се чита како современа бајка, политичка алегорија, филозофска полемика, како мит и сатира… Во современата книжевност ретко се среќава толку длабок и естетски перфектен политички роман.“
– Sunday Telegraph

„Во „Срам“ Ружди покажува дека современата историја мора да биде преиспишана со јазикот на имагинацијата за да биде вистински и целосно разбрана. Брилијантен роман.“
– The Guardian

„Срам е црна сатира за хаотичниот свет во кој живееме. Во исто време, тоа е роман кој докажува зошто Салман Ружди е еден од најголемите современи писатели во светот.“
– The Times

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

СрамДобитници на „Полиња со диви нарциси“ се:

1. Анета Кавазова
2. Тони Ефтимов
3. Сања Радевска

- Реклама -