Премиера на „World War Z“ во кино Милениум

Во овие пеколни, летни денови, кино Милениум продолжува со освежувачка кино-програма.

Во четврток повторно премиера на репертоарот на кино Милениум, „World War Z” во 3Д во режија на Marc Forster, со единствениот Brad Pitt и одличните Mireille Enos, James Badge Dale, Daniella Kertesz во главните улоги.

WorldWarZ(Poster)

За филмот: По заканата од Зомбијева пандемија, Gerry Lane, вработен во Обединетите нации, го води светот во временска битка со напаста која се заканува да го уништи човештвото. Дали ќе успее…?

[youtube]http://youtu.be/HcwTxRuq-uk[/youtube]

Во останатиот дел од репертоарот, публиката повторно ќе има можност да ги погледне Man of Steel, Monsters University, Hangover 3, Epic…

Кино Милениум најавува уште еден филмски мега-хит, чија премиера е закажана за следниот четврток(04.07) – The Lone Ranger (Осамениот Ренџер), со Johnny Depp во главната улога.

- Реклама -