Лов на фотони (видео)

светлинаПрвите фотографии на куршуми во движење се појавиле пред околу 50 години. Сега тим на научници успеале да го надминат тој подвиг со фотографирање на фотони. На научниците од Институтот за Технологија од Масачусетс (MIT) им била потребна екстремно специјализирана опрема за да го остварат подвигот бидејќи светлината патува околу милион пати побрзо од куршум.

Тимот употребил камера која собира светлосни зраци со брзина од околу еден трилион фрејмови во секунда – доволно брзо за да создаде забавена снимка во која светлосен зрак минува низ целата должина на пластично шише од еден литар, се одбива од капачето и се враќа во спротивна насока.

{youtube}EtsXgODHMWk{/youtube}

- Реклама -