Зелени очи..

Имав еден пријател. Го познавам од прво одделение. Беше најдобро дете во цело школо. Секој ден игравме жмурка и ме испраќаше до дома кога ми беше страв. Покасно и не ми беше толку драг. Престана да ме испраќа до дома и играше фудбал со другите другарчиња. Кога ќе ме здогледаше веднаш ќе се свртеше да прави муабет со некој другар.

Кога имав 11 години, моите родители се разведоа. Несакав да им го кажам тоа на моите другарки. Но мајка ми знаеше дека сум тажна, па се договори со мајка му за да го помине цел викенд кај нас. Лежевме на креветот и гледавме ТВ, јадевме по цел ден сладолед и игравме школка во дворот се додека не паднеше мрак.После тој викенд, повторно ми беше најдобар другар.

Годините поминуваа и тој имаше многу девојки. Секогаш разговаравме за нив и кога се смируваше и кога раскинуваше, сеуште јас бев единствената која ја испраќаше до дома.Во последната година од средното училиште, седевме заедно на часот по македонски. Се загледав во него и во неговите зелени очи. Во тој момент сватив, зошто мајка ми секогаш велеше дека очите се огледало на душата. Тогаш посакав да ми биде повеќе од другар иако знаев дека тој тоа не го сакаше.

На крајот од годината, учествуваше во школската претстава. Седев во првиот ред и се воодушевував колку убаво изгледа под светлата на рефлекторите. Му се насмевнав а тој ме забележа и среќно ми намигна. Тогаш толку многу ме стегна во градиве што го изгубив здивот. Во тој момент повеќе се исплашив дека би можела да го изгубам како другар. Не помина ниту една недела, тој почна да излегува со моја другарка. Сите велеа дека се одличен пар зошто и двајцата беа популарни и друштвени. Една вечер ме враќаше до дома со автомобилот и ми збореше колку е среќен со неа, дека тоа му е најубавото нешто што му се случило. Го погледнав во неговите зелени очи и знаев дека така се чуствува. Посакав јас да бидам таа поради која тој го живееше најубавиот период од неговиот живот. Неможев да му се насмеам кога си рековме чао.
a8VitlB_huk

Последниот ден од средното школо, професорот по македонски ни даде писмена задача. Ни рече да пишуваме за се што сакаме. Немаше да ги оценува, само сакаше да има слободен состав од сите негови ученици, ни спомна дека тоа го правел секогаш со генерацијата што си одела. Сакав да пишувам за него, колку многу го сакам, колку долго го сакам, но немав храброст да му кажам. Таа вечер останавме до покасно во ноќта. Седевме на клупи пред мојата зграда и зборевме за се и сешто. Се смеевме за сите згоди и незгоди што ни се случуваа во средно. Уживавме во летната ноќ и во нашата слобода.

Времето поминуваше, а тој одлучи да продолжи со школувањето во Канада. На неговата журка ми кажа дека сум неговата најдобра другарка. Го погледнав смирено во неговите прекрасни зелени очи и го бакнав во образ. Посакував да ми каже дека сум му повеќе од другарка, но знаев дека тоа не е можно.

Долго време помина и тој се врати дома, но не беше сам. Пристигна со неговата вереница и веднаш ме повика да ја запознаам. На крајот од вечерта за последен пат ме испрати до дома. Ме праша што мислам за неа, а јас му реков дека ми се допаѓа многу девојката. Го излажав, сакав да бидам на нејзино место.

На нивната венчавка јас бев меѓу најблиските и седев во првиот ред. Повторно ја видов сликата од момчето на бината, но овој пат беа црковни светла. Среќен и насмеан повторно ми ја фати мојата ненамерна насмевка и ми намигна. Градите ме стегнаа. Сакав да бидам јас таа што го придружува на олтарот. Неговите зелени очи сјаеа од среќа.

После венчавката се преселија со неговата жена во Канада. А јас останав и годините сами си поминуваа. Денес повторно седам во првиот ред во истата црква, на неговиот погреб. Дознав дека после неколку години се развел со жена му. Неговиот брат држеше говор за него. Повторно ме притиснаа градите. Одамна ме немаа притиснато така, мислев дека ќе паднам. Го слушнав неговиот глас како ми вика “Мојата најдобра другарка”. Одма се освестив од неверување.Тогаш го здогледав брат му како чита од една стара писмена задача по македонски јазик.
-Никогаш не погледнав во таа девојка а да не помислам дека ја сакам. Нејзините зелени очи беа огледало на една прекрасна душа. Сакам да ми биде повеќе од другарка иако знам дека таа тоа не го сака.

- Реклама -