На фотографијата се гледа 60 метарски електричен лак создаден од истражувачи од Универзитетот од Кантербери во Нов Зеланд. Тим од инженери од универзитетот развиле метод за создавање електрични лакови – видлива електрична струја која патува низ воздух кој е разложен на наелектризирани честички. На други научници претходно им успеало да создадат и подолги лакови, но за традиционалните техники се потребни огромни количини енергија за разложување на воздухот.
За новата техника е потребно многу помалку енергија. Во оваа техника лакот патува по тенка бакарна жица. Со дебелина од 0,2 милиметри, жицата е многу малку поголема од човечко влакно. Жицата експлодирува при нанесување на волтажа создавајќи експлозија на светлина, која трае колку и стандарден блиц од фотоапарат (помалку од еден илјадити дел од секунда), и плазма, гас од наелектризирани честички.
Даниел Синарс, кој истражува фузија во Националната Лабораторија Сандиа во Албакурки, Ново Мексико, исто така работел со жици кои експлодираат, но со многу помали растојанија. Тој мисли дека лаковите создадени од истражувачите во Нов Зеланд се интересни. „Тешко е да се создаде плазма на тоа растојание“ изјавил Синарс. Тимот повремено создавал плазма лакови за време на други експерименти со жица која експлодира и се посветил на новото истражување со цел подобро да го разберат како се формираат лаковите.
Потенцијалните апликации опфаќаат користење во проучувањето на атмосферскиот електрицитет и громови, и создавање на навои и чворови од плазма. Вејд Енрајт и Роуан Синтон, дел од тимот истражувачи пишале: „Фасцинирани сме од плазмата поврзана со електричните лакови. Сакаме да можеме да создадеме плазма на начин кој ни овозможува да ја проучуваме и користиме.“ Истражувачите напоменале дека потенцијалната апликација на ова истражување опфаќа подобрено разбирање на громовите, потенцијално преку „вештачко создавање громови од громоносни облаци.“
Ова би било интересно за научниците бидејќи собирањето податоци за громови е тешко и многу случајно. Со помош на индукција громовите би можеле да бидат насочени кон опремата на истражувачите. Тимот од Нов Зеланд исто така развива навои и чворови од плазма за да го проучува феноменот на топчести громови како и други теми. Тие проценуваат дека стотици установи во целиот свет ја поседуваат потребната опрема за создавање на лакови со должина од повеќе фудбалски терени, и дека можеби десетина имаат капацитет за создавање на лак од речиси 2 километри. [High-voltage engineers create nearly 200-foot-long electrical arcs using less energy than before]