Онлајн гејмери направиле подвиг во кој научниците немале успех веќе неколку децении. Тие ја дешифрирале структурата на ензим на вирус сличен на СИДА. Подвигот бил објавен во неделата во Nature Structural & Molecular Biology, каде што – необично за научна публикација – и гејмери биле наведени како ко-автори покрај истражувачите.
Нивната цел бил мономерик протиз ензим, агент во комплексното молекуларно градење на ретровируси, фамилија во која е опфатен и ХИВ вирусот. Откривањето на структурата на протеините е клучно за разбирање на причините за многу болести и развивање на лекови кои ќе ги блокираат. Но микроскопот дава само рамна слика од она што за набљудувачот изгледа како плоча од еднодимензионални испреплетени шпагети.
Но на фармаколозите им е потребна 3-D слика која го „отплеткува“ молекулот и го ротира со цел да ги открие потенцијалните цели за лековите. Тука на сцена стапува Foldit. Развиена во 2008 на Универзитетот од Вашингтон, во оваа видео игра играчите, поделени во групи кои се натпреваруваат меѓу себе во отплеткување ланци од амино киселини – основниот дел од протеините – користејќи онлајн алатки.
На големо изненадување на научниците, гејмерите создале прецизен модел на ензимот за само три недели. Дешифрирањето на ензимот „овозможува нова гледна точка за дизајнот на антиретровирусни лекови“ пишува во студијата, во контекст на лековите против ХИВ вирусот. Ова најверојатно е прв пат гејмери да решат научен проблем за кој долго време нема ло решение. „Сакавме да видиме дали човечката интуиција може да успее каде што автоматизираните методи не успеале“ Фирас Катиб од лабораторијата за биохемија на универзитетот изјавил во соопштение.
„Снаодливоста на гејмерите е значајна сила која, ако биде соодветно насочена, може да биде употребена за решавање на голем број научни проблеми.“ Еден од создавачите на Foldit, Сет Купер, објаснува зошто гејмерите успеале каде што компјутерите не можеле. „Луѓето имаат талент за просторно анализирање, способност што не е сè уште доволно развиена кај компјутерите. Игрите овозможуваат спојување на силата на компјутерите и луѓето. Резултатите покажуваат дека игрите, науката и пресметувањето можат да бидат комбинирани за постигнување напредок кој не бил можен претходно.“ [Online gamers crack AIDS enzyme puzzle]