Силен вселенски сигнал, кој најверојатно ја добива својата енергија од црна дупка, би можел да открие неколку мистерии за скриена ера во раниот развој на универзумот. Сигналот, наречен ULAS J1120+0641, е досега најоддалечениот квазар.
Квазарите се неверојатно силни извори на енергија, за кои се мисли дека најверојатно се жешкиот центар на младите галаксии кои кружат околу супермасивни црни дупки. Тие можат да испуштаат илјадници пати повеќе радијација од нашата галаксија, Млечниот Пат. Новиот квазар се наоѓа на оддалеченост од 12,9 милијарди светлосни години, што значи дека неговата светлина патува низ вселената од моментот кога универзумот бил стар само 770 милиони години.
Светлосните зраци од толку оддалечени предмети се равлечени од ширењето на универзумот со што тие стануваат поцрвени. Астрономите ја користат оваа појава за да ја проценат оддалеченоста на далечните предмети. ULAS J1120+0641 е прв квазар отркиен во инфрацрвениот дел од спектарот. Предметот бил идентификуван од United Kingdom Infrared Telescope сместен во Хило, Хаваи.
Следниот најдалечен квазар се појавил 870 милиони години по настанувањето на универзумот. Проучувањето на ULAS J1120+0641 би можело да им помогне на астрономите да дознаат повеќе за ерата на рејонизација, малку разбран период кога настанеле првите ѕвезди и галаксии. Доктор Брам Венеманс, од Европската Јужна Обсерваторија во Гарчинг, Германија, член на тимот кој го претставил откритието изјавил: „Гледајќи длабоко во ерата на рејонизација, овој квазар ни дава уникатна шанса да истражуваме период од 100 милони години од историјата на нашиот универзум кој претходно не ни беше достапен.
Неговиот колега доктор Даниел Мортлок, од Imperial College London, изјавил: „Откривањето на овој предмет подразбираше макотрпна потрага, но целиот напор вредеше за шансата да откриеме некои од мистериите на раниот универзум.“ [Scientist discover new quasar: Distant nucleus of a young galaxy powered by a black hole is 12.9 billion light years away]