Samsung Galaxy Note 3 е еден од најочекуваните уреди во овој период, а гласините за техничките спецификации на овој телефон се повеќе се зголемуваат.
Како што веќе знаеме, овој фаблет ќе има камера од 13МР, моќен процесор и др, сепак се уште не беше позната најбитната информација за датумот на негово лансирање на пазарот.
Според еден корејски блог, угледен аналитичар тврди дека Galaxy Note 3 ќе биде официјално претставен во септември за време на саемот IFA 2013 кој ќе се одржи во Берлин (како што се шпекулираше и претходно).
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk