Проект Икар, визија за освојување на ѕвездите

ИкарПроектот Икар е амбициозна пет годишна студија за можноста за лансирање на беспилотно вселенско летало во меѓуѕвездениот простор. Предводен од Фондацијата Tau Zero и Британското Интерпланетарно Општество, непрофитна група научници посветени на патување до други ѕвезди, Икар работи кон развивање на летало кое ќе може да посети некоја блиска ѕвезда.

За изградба на летало потребно за вакво патување се потребни голем број системи. Изградбата на леталото би морала да биде изведена во вселена. За тоа би била потребна изградба на голема инфраструктура во ниска орбита која најверојатно ќе користи голем број системи со погон на сончева енергија. Ова бродоградилиште во орбита најверојатно ќе изгледа како џиновски прстен кој ќе може да се движи по целата должина на леталото.

Инженерите би можеле да ги оперираат системите на овој прстен, како и роботските кранови кои ќе ја извршуваат изградбата, од Земјата, работејќи во смени во текот на сите 24 часа. Големината на бродоградилиштето би го направило погодно за посети, со што изградбата на Икар би можела да биде и туристичка атракција: „Хотел Икар: Сите приходи одат кон изградбата на човековиот прв меѓуѕвезден вселенски брод“.

За вселенскиот брод Дедал, претходникот на Икар, замислен во седумдесеттите, би биле потребни 50.000 тони од редок изотоп на хелиум за погон на неговите мотори: Хелиум-3. Овој изотоп е екстремно редок на Земјата, но е многу чест во Сонцето и гасовитите џинови во Сончевиот Систем. Соларните ветрови кои милиони години ја погодуваат Месечината исто така содржат Хелиум-3, што значи дека одредени количини од изотопот можат да се најдат и на нејзината површина.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Најбогатиот извор на Хелиум-3 сепак се атмосферите на гасовитите џинови. Двата најдобри кандидати се Јупитер кој е најблиску до Земјата – но има многу силно гравитационо поле – и Уран – кој има малку поголема концентрација на Хелиум-3, но се наоѓа речиси четири пати подалеку од Земјата. Еден предлог за собирање на потребниот изотоп е користење на балони кои би биле испратени во атмосферите на овие планети.

Друг предлог е вселенско летало кое би орбитирало околу планетата, користејќи долга цевка за да ги вшмукува гасовите од атмосферата, по што ќе го дестилира потребниот изотоп. Цевката би користела и како погон, бидејќи би можела преку индукција да генерира електрицитет со движењето низ магнетното поле на планетата.

По дестилацијата, интерпланетарни танкери би го носеле горивото до бродоградилиштето, користејќи дел од горивото за погон. Алтернативно решение би било складирање на изотопот во интерпланетарни депоа за гориво кои ќе орбитираат околу џинот, по што Икар ќе ги собере на својот пат надвор од системот.

Едно е јасно, за остварување на оваа визија би била неопходна соработка на најбогатите нации на планетава. Но и покрајт тоа што овој проект би бил екстремно скап, тој би бил првиот чекор кон еден од најголемите сонови на човештвото, истражување на ѕвездите. [Project Icarus: An interstellar mission timeline]

- Реклама -