Научниците од CERN објавиле дека успеале да заробат 309 атоми од антиводород над 15 минути. Тоа било доволно долго за тие во блиска иднина да можат да откријат дали антиматеријата го почитува законот на гравитација или дали нормалната материја ја одбива антиматеријата и дали таа паѓа нагоре.
Но иако оваа теорија никогаш не била тестирана поради тешкотиите поврзани со создавање и складирање на антиматерија, многумина со разочараност предвидуваат дека и антиматеријата ќе паѓа надолу како и обичната материја. Тие велат дека антиматеријата (и покрај претставката „анти“) е создадена од нормална обична енергија, и иако има спротивно полнење сè уште би требало да ги почитува истите природни закони како и обичната материја.
Ако антиматеријата паѓа нагоре, таа меѓу сè друго би го прекршила и законот за зачувување на енергија. Но ако антиматеријата има антигравитација, тоа би објаснило голем број феномени во нашиот универзум. На пример, универзумот би требал да има исти количини материја и антиматерија, но никој не знае каде се наоѓа антиматеријата. Ако нормалната материја и антиматеријата се одбиваат тоа би значело дека постојат цели галаксии создадени од антиматерија.
Одбивањето исто така би објаснило зошто универзумот се шири, но и зошто го забрзува проширувањето, феномен кој е тежок за разбирање во ситуација кога сè во универзумот е постојано привлекувано од сè останато. Во секој случај, тимот од CERN би требал да ја реши оваа дебата во наредните неколку месеци, кога планираат да заробат меур од антиводород за да видат во која насока ќе паѓа. Ако паѓа надолу, законите на физиката остануваат непроменети. Ако паѓа нагоре, тогаш подгответе се за лебдечки автомобили. [Antihydrogen trapped for 1000 seconds]