Потењето е нормална појава, но понекогаш може да ни предизвика проблеми и да нѐ доведе во незгодна ситуација. Иако постојат козметички препарати кои ефикасно го спречуваат непријатниот мирис понекогаш тоа не е доволно, па потребно е да се внимава на секојдневните навики.
Редовната дневна хигиена која вклучува туширање и нанесување на дезедоранс е најдобар начин за спречување на непријатниот мирис, но понекогаш тоа не е доволно. Ако и покрај хигиенските рутини не може да се ослободите од непријатниот мирис на пот обидете се да употребите некои од овие совети:
1. Редовно отстранувајте ги влакната под пазувите на кои се собираат дополнителни бактерии
2. Јадете помалку месо, особено црвено и избегнувајте брза и зачинета храна
3. Избегнувајте алкохол, лук, кромид
4. Носете исклучиво облека од лесни и природни материјали
5. Дневно пијте по половина литар чај од жалфија затоа што го намалува потењето
6. Еднаш или ако сте во можност повеќе пати дневно направете купка во која ќе додадете шолја природен јаболков оцет
7. Физичките активности предизвикуваат потење, но на тој начин ги исфрлате токсините, па вашата пот во комбинација со дневната хигиена нема да има непријатен мирис
8. Избегнувајте конзумација на претерано студени и жешки напитоци затоа што тие предизвикуваат зголемено потење