Наскоро евтин HTC Desire 200

По се изгледа дека HTC наскоро ќе го надгради своето портфолио со уште еден Android уред, како што може да се види од сликите подолу. Она што го имаме следно е HTC Desire 200 и како што се гледа телефонот ќе биде ниско буџетен уред.

htcDesire200

HTC Desire 200 изгледа доста познато. На предната страна, има звучник кој е инспириран од HTC One, а функциите за контрола изгледаат како и секој друг уред на HTC Android. На задната страна, изгледа речиси идентично со некои од претходните HTC телефони, како на пример Desire C.

HTC-Desire-200-6

Смартфонот има 3.5-инчен LCD екран со 320 x 480 резолуција, потоа 1GHz процесор, 512MB на RAM меморија, 4GB простор за складирање со microSD картичка и 1400mAh батерија. Уредот работи на Android 4.0.3 Ice Cream Sandwich, но тоа е малку веројатно дека конечниот уред ќе работи на нешто постаро од Android 4.1.

Прочитајте и:  Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -