„Соголена пред тебе“ е роман за два сложени лика, Ева и Гидион, чиј страстен однос ги отвора потиснатите незараснати рани од минатото. Дали нивната опсесивна врска исполнета со болна љубомора ќе успее да ги уништи демоните што ги опседнуваат двете намачени и злоупотребувани души?
Нашиот однос е зачнат во пламен…. Гидион Крос се појави во мојот живот како заслепувачка молња на мрачното небо. Чувството на привлечност што ме запоседна штом го забележав не го бев вкусила дотогаш. Жеднеев за неговиот допир како зависник, знаејќи дека ќе му се предадам на милост и немилост. Бев кревка и незаштитена, скршена и намачена, и му се препуштив… Гидион го знаеше тоа… и го искористи. И самиот беше опседнат со демони. Еден на друг си станавме немилосрдно огледало во кое се појавуваа одразите на нашите најдлабоки рани… но и најскриените страсти.
Прангите на неговата љубов ме преобразија, едновремено заплашувајќи ме дека нивната незауздана сила ќе направи да испливаат и да нè раскинат сите трауми од минатото…
„Кога станува збор за жестока и сурова сексуална хемија во литературата, Силвија Деј е тешко да се надмине“. Буклист