4 работи кои еволуцијата ги оставила во нашите тела

еволуцијаЕволуцијата е процес кој трае илјадници години. Сите живи организми ги исфрлаат сите оние органи чија функција не е повеќе потребна, со што новите генерации се разликуваат од нивните претци. Но, дали некогаш сте се запрашале дали сè во вашето тело ви е апсолутно неопходно?

Еволуцијата е процес кој трае илјадници години. Сите живи организми ги исфрлаат сите оние органи чија функција не е повеќе потребна, со што новите генерации се разликуваат од нивните претци. Но, дали некогаш сте се запрашале дали сè во вашето тело ви е апсолутно неопходно?

Морници
Зад вас стои мало девојче со бледа кожа, влажна коса и црни дупки наместо очи, кое ве вика да си играте со него. На некои од нас при помислата на оваа слика буквално ни се крева косата, а кај повеќето луѓе реакцијата се покажува и на кожата во облик на безброј мали топчиња. Зошто секој пат кога сме исплашени, или кога ни студи нашата кожа реагира на овој начин? Научниците велат дека ова е останато во нашите гени од времето кога нашите претци биле многу влакнести.

еволуциски остаток

Оваа  реакција е предизвикана од малите мускули кои се наоѓаат околу коренот на секое влакно. Принципот лесно може да се забележи кај вашите домашни миленици. Секој пат кога се исплашени, или кога е студено, нивните влакна се исправуваат. При студ, влакната се подигаат со што се заробува слој на воздух блиску до телото, слој кој служи како изолација од студот. А реакцијата која ја добиваме кога сме исплашени порано би функционирала така што подигањето на влакната би ве направило да изгледате поголем. Овој одбранбен механизам може да се забележи кај многу животни, каде промената на големината би требало да го исплаши потенцијалниот предатор.

Трет очен капак
Да, ние луѓето имаме трет очен капак. Барем она што останало од истиот. Погледнете се во огледало и ќе забележите мал розов дел во внатрешниот агол на окото. Овој капак всушност се вика никтативна мембрана и е проѕирен капак кој може да се види кај птиците, рептилите, водоземците, рибите и неколку цицачи. Неговата функција е премачкување на окото, и тој се движи странично.

еволуциски остатоци

Но, зошто сме имале потреба од ваков капак? Е па, ајкулите го користат кога напаѓаат плен за да го заштитат окото, но сè уште да имаат способност да го видат пленот. Кај некои птици, при брзо летање и пикирање тој го покрива окото за да го заштити од потенцијални опасности како инсекти или ситни честички нечистотија. Кај кучињата и мачките овој капак функционира делумно, но кај нас луѓето тој нема никаква функција бидејќи мускулите кои го придвижуваат целосно атрофирале.

Мускулите на надворешното уво
Дали можете да ги мрдате вашите уши? Ако можете тогаш имате способност која 85 проценти од луѓето на Земјата ја немаат. Но, освен што ви овозможиле да ги импресионирате вашите пријатели, тие не ви помагаат на ниту еден друг начин. Но, во минатото луѓето, како и многу животни имале способност да ги движат ушите, што било примарен начин за детекција на опасности. Денес, речиси сите животни сè уште можат да ги вртат ушите, со што можат да слушаат во сите насоки (ова е најзебележливо кај мали животни кои живеат блиску до земјата, па не можат да зависат од нивниот вид за безбедност).

еволуциски остатоци

Ние луѓето, пред долго време сме почнале да живееме во големи групи, и полека колективниот вид станал примарна форма на детекција. Немало потреба за единките да ги вртат ушите наоколу додека се хранат бидејќи други членови на групата внимателно ја набљудувале околината.

Умници
Ако сè уште ги имате вашите умници, тогаш можеби имате среќа. Но сепак, постои ризик од 85 проценти дека во иднина може да ви притреба операција за отстранување на истите ако дојде до нивна инфекција.

еволуциски остатоци

Умниците се остаток од времето кога примарната исхрана на луѓето биле растенијата. Повеќе заби значело дека можат да се џвакаат поголеми количини растителна материја. Исто така, нашите вилици порано биле издолжени, што значи дека имало место за умниците, но откако тие станале непотребни, коската на вилициата се повлекла, што значи дека нема место за умници во вашата уста.

Повеќето од вас можеби очекуваа на оваа листа да се појави и слепото црево, уште еден остаток од времето кога сме се хранеле со растенија, но, според некои научници, слепото црево сепак има функција.

- Реклама -