Намќорестите луѓе имаат поголем ризик од срцеви болести

МуртенкоВо едно неодамнешно истражување во кое биле вклучени 6 илјади испитаници, се покажало дека намќорестите луѓе имаат 3 пати поголем ризик од кардиоваскуларни болести отколку луѓето со друг тип личност и поголем ризик од повторување на срцевите проблеми откако еднаш ќе ги преживеат.

Во едно неодамнешно истражување во кое биле вклучени 6 илјади испитаници, се покажало дека намќорестите луѓе имаат 3 пати поголем ризик од кардиоваскуларни болести отколку луѓето со друг тип личност и поголем ризик од повторување на срцевите проблеми откако еднаш ќе ги преживеат.

МуртенкоПостојат 4 основни типа на личности:

Тип А се луѓето кои се енергични, постојано во движење, работат и се забавуваат прекумерно, дури и опсесивно.

Тип B се оние што се поопуштени, трпеливи и релаксирани. Обично тип А губат трпение кога си имаат работа со тип B, додека вторите најчесто ги избегнуваат првите.

Тип C се луѓето што се темелни и перфекционисти (најчесто ситничари). Но, луѓето со ваква личност имаат проблем со изразувањето на чувствата, а многу често не се ни свесни дека ги имаат. Најголем дел од нив стануваат сметководители и инженери.

Тип D е типот на личност што најдоцна беше класифициран (на почетокот од деведесеттите години од минатиот век). Луѓето со ваква личност имаат негативен поглед на светот (иако не мора да патат од клиничка депресија), ретко се смеат, лесно се иритираат и во принцип се песимисти.

Во една неодамнешно истражување, во кое биле вклучени 6 илјади испитаници, се покажало дека луѓето со личност од типот D имаат најголем ризик да развијат некој вид срцево заболување. До сега се мислеше дека типот А најчесто страда од заболувањето на кардиоваскуларниот систем, но овојпат се покажало оти тип D личностите не само што имаат најголем ризик од заболување, туку и ризик од повторување на проблемите откако еднаш ќе ги преживеат. Истражувањето покажало дека овие личности имаат 3 пати поголем ризик од заболување на периферните артерии, откажување на срцето и срцев удар.

- Реклама -