Сакаш да ги избелиш забите без скапи посети на забар? Тоа е можно, а сѐ што ти треба за блескава насмевка веројатно го имаш во твојата кујна.
Потребни ти се само сода бикарбона и неколку јагоди. Додека киселината што ја содржат јагодите ќе ги избелат забите, содата ќе ги отстрани дамките.
Едноставно измешај изгмечени јагоди со малку сода бикарбона додека не добиеш еднолична смеса, нанеси ја на четката и добро исчеткај ги забите неколку минути. Потоа исплакни ја устата, па изми ги забите со обична паста.
Ќе бидете пријатно изненадени од резултатите!
И… бонус
Сода бикарбоната може да се примени на различни начини во домаќинството, од состојка која ќе го потпомогне растењето на тестото, до средство за отстранување на непријатната миризба во фрижидерот. Но, сте ги знаеле ли нејзините козметички примени?
Уште старите Египќани користеле смеса слична на сода бикарбоната наместо сапун за бањање. Ова соединение има антисептички, антигабичен и ексфолирачки ефект. Еве како да ги искористите неговите својства и поинаку да го примените во секојдневниот живот:
Чистете го лицето со здрав ексфолијант
Триењето на лицето со груби гелови за пилинг и ексфолијација на кожата не е добро за вашето лице, бидејќи нејзиниот горен слој ви треба за да ве штити од навлегување на нечистотиите и за одржување на нејзината влажност.
Ако сакате да го триете вашето лице, подобро правете го тоа со природни состојки. Искомбинирајте сода бикарбона со една лажичка мед и истријте го лицето со смесата. Маската можете да ја оставите да делува една минута или пак веднаш да го исплакнете лицето. Оваа маска има освежувачки и смирувачки ефект, а делува и против создавање акни. Можете да ја примените и на стапалата и на лактите.