Многумина веруваат дека насилните игри се штетни по здравјето и дека можат да имаат лошо влијание врз луѓето. Но, оваа тема беше предмет на испитување и резултатот е спротивен.
Многумина веруваат дека насилните игри се штетни по здравјето и дека можат да имаат лошо влијание врз луѓето. Но, оваа тема беше предмет на испитување и резултатот е спротивен.
Општо позната е претпоставката дека луѓето кои играат насилни видео игри и самите стануваат насилни. Но, ново испитување го кажува токму спротивното. Испитувањето извршено од д-р Кристофер Ј. Фергусон од Универзитетот во Тексас сугерира дека во реалноста, луѓето кои играат насилни видео игри го намалуваат стресот и се помалку насилни.
Во испитувањето беа вклучени 103 млади луѓе и им беше дадена задача: секој учесник играше ненасилна игра, насилна игра со тематика доброто против злото, насилна игра каде што самиот учесник е негативецот или воопшто не играше игра. Испитувањето покажа дека оние кои играа насилна игра подобро се справуваат со стресот отколку оние кои не играле.
„Веројатно за гејмерите не е изненадување што игрите го смалуваат стресот, додека пак другите се скептични на оваа идеја“, вели Фергусон. „Меѓутоа, ова е прва студија која ја истражува таа идеја. Изгледа дека по играњето на насилни игри луѓето се помалку стресни, помалку депресивни и не се непријателски расположени“.
Фергусон вели дека овие резултати не се конечни и дека уште испитувања се потребни, но тој верува дека насилните видео игри можат да бидат користени за смалување на емоционалните проблеми и подобро справување со фрустрациите.
Иако со оваа студија нема да запре дебата околу насилните игри, сепак ова е уште еден показател кој ја подржува идејата дека насилните игри можеби сепак не се толку штетни како што се мислеше досега. [Violent Games Relieve Stress and Depression]