Што открива за вас кафето кое го пиете?

Кафето има врска со карактерот на личноста која го пие, односно дека слични луѓе нарачуваат слично кафе. Имено, авторите на книгата „Што велат вашите навики за вас“, Џејмс Мур и Џуди Џејмс, врз основа на нивните истражувања меѓу луѓето кои сакаат кафе заклучил дека свареното кафе има врска со карактерот на личноста која го пие, односно дека слични луге нарачуваат слично кафе. Еве до какви заклучоци дошле:

Espresso

Ова е највозрасно од сите кафиња. Брзо и едноставно, а обично го нарачуваат критички настроени лица, критичари, циници, саркастични луѓе па дури и агресивци. Го менуваат расположението како чорапи, ги привлекува здравиот начин на живот а често и го применуваат истиот, сакаат да бидат лидери, и тоа и се, па немаат многу време за трачеви со некое друго кафе.

Обично турско кафе

Се работи за минималистичка и кул особа, која не ги покажува своите чувства така лесно и не е драматична. Исто така е склона на променливо расположение, највеќе сака дружење еден на еден, несака големи друштва. Мирна е и сака да се натпреварува.

2009-08-17-KindsofCoffee

Кафе со млеко

на некој начин опасноста во обликот на кафе се разводнува со помош на млекото. Оваа особа сака да биде прифатена, таа сака другите да ја сакаат. Битна и е сигурноста, знае да биде мошне тврдоглава. Избегнува дирекни кавги, несогласувања, и валкани работи, лојална е во семејните кругови. Најубаво се чувствува кога е во удобна атмосфера и со најблиските пријатели.

Со шлаг

Овие лица се често позери и глумци. Сакаат да бидат славни, трчаат по модата, трендсетери кои немаат баш свои ставови за нештата и често не ја разбираат иронијата.

Капучино

Се работи за многу оптимистичка особа која сака луѓе и дружење. Има цел но само гледа кон крајот. Ги заборава оние ситни детали и напорната работа кои ќе ја донесат до целта. Често нешто започнува но не и завршува.

Инстант кафе

Се работи за мирна личност на која никаде не се брза, не драматизира и најчесо го кажува тоа што го мисли. Понекогаш другите ја сметаат за површна бидејќи нема некои големи амбиции и авантури, како на работа така и во сексот. Има наизменично лошо или добро расположение на кратки интервали.

1364884966_kofe

Бескофеинско кафе или кафе со соино млеко

Обично се работи за лица загрижени за животната средина, но често само загрижени, а по тоа прашање не превземаат ништо. Ако се работи за личност која е алергична на кравјо млеко па затоа мора да пие соино, често станува збор за лице со актерски способности.

Лица кои не пијат кафе

Авторите велат дека луѓето кои упорно одбиваат кафе првенствено се преплашени од животот.

33% од луѓето се друштвени пијачи на кафе кои го пијат само заради пријателите со кои така се дружат.
14% од лугето сакаат да пијат кафе за да ги згреат дланките од топлата шолја.
14% се вистински зависници од кафе.
11 проценти за полесно да се сконцентрираат.

- Реклама -