3 брзи вежби за поцврсти и поголеми гради

Сон на секоја жена се убави и цврсти гради. Ако не сте знаеле постојат едноставни вежби за да го постигнете ова, а ќе ви бидат потребни само 15 минути на ден.

Градите воглавно се масно ткиво, а ако сакате да ви изгледаат поголемо и поцврсто потребно е да ги зајакнете мускулите под градите. Еве како:

1. Притискање на дланките

Спојте ги дланките во висина на градите и подигнете ги лактите. Силно притиснете ги дланките, останете во таа положба неколку секунди, потоа опуштете ги мускулите, исто така, неколку секунди. Постапката повторете ја неколку серии по 10 повторувања.

2.Испреплетени прсти

60426886

Оваа вежба е спротивна од првата, а има ист ефект врз мускулите. Испреплетете ги прстите на рацете пред градите и подигнете ги лактовите во права линија. Повлечете ги рацете секоја на своја страна и останете неколку секунди во таа положба, и потоа опуштете ги мускулите. Вежбата треба да ја повторување во серии по 10 повторувања.

3. Буткање ѕид

Потпрете ги двете дланки на ѕид со лесно свиткани лактови. Постепено почнете да го буткате ѕидот и тоа со напор со кој ќе може да издржите неколку секунди во иста положба. Потоа опуштете ги мускулите и повторете ја постапката во серии по 10 пати.

- Реклама -