Музика за вашите уши?

Повеќе...Се сеќавате кога на музиката од вашиот гласен систем родителите реагираа: „Тоа ли го нарекуваш музика?!“ Сега научниците открија зошто таа „бука“ е пријатна за вашите уши.

Се сеќавате кога на музиката од вашиот гласен систем родителите реагираа: „Тоа ли го нарекуваш музика?!“ Сега научниците открија зошто таа „бука“ е пријатна за вашите уши.

6a00d8341bf67c53ef0134813bab9d970c-500pi
Научниците направија истражување во кое беа вклучени 250 студенти, кои слушаа музички и немузички звуци. Тие открија дека звуците се убави кога нивните фреквенции се во хармонија едни со други.

Хармонични фреквенции се кога множителите на истите се отсвирени заедно. На пример, на звуците од 400, 600 и 800 херци – множителот им е 200. Истражувачите исто така испитуваа и нешто наречено „пулсирање“(beating). „Пулсирање“ се случува кога два звуци се блиску, но не на иста фрекфенција, или не се во хармонија еден со друг.

Прочитајте и:  35. Jam Session во Лабораториум, каде што се свири музика што се уште ја нема на Shazam

Но, пулсирањето нема многу влијание на тоа дали звукот е пријатен или непријатен, велат истражувачите. Како и да е, студентите кои беа повеќе запознаени со музика имаа почувствителни уши и тие повеќе ја забележуваа разликата меѓу хармониите. Прашањето е: „Што ја прави одредена комбинација од музички ноти пријатна или непријатна за ушите?“ прашува Џош Мекдермот.

Мекдермот и неговите колеги рекоа и дека луѓето во различни култури можат да имаат различни мислења. „Слушателите со различно искуство можат да имаат различна претстава“, вели тој. „Интервалите и нотите кои се далечни за нашата култура се многу познати во некои култури“. [What Makes Music Sound So Sweet (or Not)]

- Реклама -