Поминувањето време надвор отсекогаш се сметало дека е добро како за телото, така и за умот. Сега се покажа дека дури и нечистотијата е добра за вас.
Поминувањето време надвор отсекогаш се сметало дека е добро како за телото, така и за умот. Сега се покажа дека дури и нечистотијата е добра за вас.
Научниците открија дека со изложување на еден вид на бактерија која се наоѓа во почвата се намалува анксиозноста и се зголемуваат способностите за учење кога таа се внесува преку храната или се вдишува. Неверојатната бактерија за која станува збор е Mycobacterium vaccae, која се наоѓа во почвата, односно обичната земја, и чест случај е таа да се вдишува несвесно кога луѓето поминуваат време во природа.
Претходните студии открија дека кога оваа бактерија е инјектирана кај глувци, го стимулира растот на невроните и предизвикува да расте нивото на серотонин. Бидејќи познато е дека зголеменото ниво на серотонин ја намалува анксиозноста, кај истражувачите веќе постоеше сомнеж дека бактеријата би можела да има и антидепресивни својства. Но намалената анксиозност не е единствениот ефект од зголеменото ниво на серотонин, па така научниците решија да истражуваат понатаму. „Бидејќи серотонинот игра улога во учењето, се прашувавме дали M. vaccae би можела да ја подобри способноста за учење.“, вели Дороти Метјус, која го направи истражувањето.
Отакако глувците биле „нахранети“ со овој вид на бектерија, Метјус и нејзините колеги направиле тестови во кои глувците требало да се снајдат во лавиринт. Откриле дека оние кои биле нахранети со бактеријата за два пати побрзо го поминувале лавиринтот и кај нив била забележано помалку анксиозно однесување отколку кај другите глувци. Доколку се покаже дека оваа бактерија има сличен ефект и кај луѓето, тогаш самото поминување време надвор би требало да биде дел од вообичаените активности за подобрување на нашето духовно здравје и способности. Тоа би значело дека би требало да стане вообичана практика училиштата да одржуваат настава на отворено, каде е присутна оваа бактерија која може да ја намали анксиозноста и да ја подобри способноста за учење, вели Метјус. [Breathing soil bacteria makes you smarter]