Дали е ова лицето на Исус?

jesusИсус бил висок метар и седумдесет, бил прилично црномурест, а не русокос. Воопшто не изгледал како филмска ѕвезда, а сигурно е дека немал сини очи. Оваа изненадувачка слика за Исус беше компјутерски реконструирана од Торинското платно за специјалното издание на History Channel – „Вистинското лице на Исус“. Како беше изведена реконструкцијата?

jesus--300x300Исус бил висок метар и седумдесет, бил прилично црномурест, а не русокос. Воопшто не изгледал како филмска ѕвезда, а сигурно е дека немал сини очи. Оваа изненадувачка слика за Исус беше компјутерски реконструирана од Торинското платно за специјалното издание на History Channel – „Вистинското лице на Исус“. Како беше изведена реконструкцијата?

Лицето на Исус беше реконструрано од отпечатоците и крвта на Торинското платно кои потоа беа трансформирани во 3D слика. Се верува дека со Торинското платно било обвиткано телото на Исус, а на него има отпечаток од човечко тело заедно со крв, нечистотија и дамки од вода. Графичките артисти ги искористија овие „информации“ впишани во платното за да направат компјутерски генерирана слика од вистинското лице на Исус.

Графичкиот уметник Реј Даунинг објаснува дека при тој процес направиле проекција изолирајќи ја крвта од платното, со што се оформила слика која лебди на транспарентна позадина. Тој додава и дека поради тоа што со платното било обвиткано телото, наместо само да биде само покриено со него, крвта се пресликала врз платното како што течела од раните, така што не се поклопува целосно со лицето од кое потекнува. Даунинг тврди и дека собрал доволно информации за лицето и дека според неговата проценка тоа е многу блиску до вистинскиот изглед на човекот на кого му припаѓа.

Меѓутоа резултатите можат да бидат изненадувачки за некои. Според тимот кој ја направи реконструираната слика, таа не ја претставува популарната верзија на Исус.

Даунинг тврди и дека при создавањето на сликата открил која супстанција го направила познатиот отпечаток на платното, нешто што беше предмет на интензивна дебата и проучувања. Тој додава дека ќе понуди објаснување за тоа како сликата завршила на платното и дека ќе ja  открие вистината за настанот што се случил пред 2,000 години на крајот од документарниот филм – специјално издание на History Channel. [Is this Christ?]

- Реклама -