Следниот пат кога денот ќе ви тргне наопаку и ќе се најдете себеси исполнети со негативни емоции, не обидувајте се да се орасположите. Еден професор по психологија вели дека несреќните луѓе постигнуваат подобри резултати…

Професорот по психологија на Универзитетот Нов Јужен Велс, Џосеф Форгас, ги објави резултатите од неколкуте студии во кои ја истражува врската помеѓу емоциите и резултатите од работата. Она што се покажа е дека меланхолијата веројатно ќе ви помогне да постигнете повеќе во вашата област.
Испитувајќи бројни доброволци со различно расположение, Форгас дошол до заклучок дека оние со лошо расположение работат подобро од добро расположените. Намќорестите луѓе обрнуваат повеќе внимание на деталите, помалку се наивни, помалку се склони кон погрешни проценки и создаваат поцврсти аргументи, отколку насмеаните.
Една од студиите дури покажа дека оние што во себе имале некоја од основните 4 негативни емоции: страв, гадење, гнев или тага; биле попрецизни сведоци, со многу мали траги на погрешно информирање. Па, насмејте се… или не? [Be Sad and Succeed]