Жена живее само од сончева светлина

Навена Шајн 65 годишна жена од Сиетл веќе 5 недели не козумира никаква храна и планира така да продолжи. Таа била фасцинирана од “бретарианизамот”, верување дека човековото тело може да опстане само од сончева светлина и малку вода.

И ова немаше да биде толку интересно доколку целиот процес не се документира на youtube и Фејсбук! Во нејзината куќа има поставено 8 камери кои ќе ја надгледуваат низ целиот процес.
969267_133708920165791_1822846719_n

Шајн верува дека конзумирањето на храна е завистност, стекната при нашето раѓање. Таа изјавила: Во ова верувам подолго време, па се решив да го докажам. А единствен начин е да го практикувам. Дали е ова вистина или не, ќе видиме после 8 месеци!

Госпоѓа Шајн веќе видно ослабела, намалувајќи ја својата тежина од 72 килограми на 58 килограми. Докторите се децидни дека таа ќе умре доколку продолжи вака усте некоја недела. Минатата година исто така некоја жена од Швајцарија се обидела да го докаже истово но починала.

- Реклама -