10 неверојатни факти за Месечината

Месечина Месечината е онаа голема топка што речиси секоја (ведра) вечер можеме да ја видиме на небото. Како и најголемиот број нешта во нашите животи и Месечината ја земаме здраво за готово, иако голема е веројатноста дека без неа воопшто немаше ни да постоиме… барем не во оваа форма. Следат 10 најинтересни факти за нашиот вселенски сопатник.


Месечината е онаа голема топка што речиси секоја (ведра) вечер можеме да ја видиме на небото. Како и најголемиот број нешта во нашите животи и Месечината ја земаме здраво за готово, иако голема е веројатноста дека без неа воопшто немаше ни да постоиме… барем не во оваа форма. Следат 10 најинтересни факти за нашиот вселенски сопатник.

Месечина10. Големиот удар

Според водечката теорија за настанувањето на Месечината, нејзиното постоење се должи на судар помеѓу вселенски објект со големина на денешниот Марс и Земјата, при оформувањето на сончевиот систем, пред 4 и пол милијарди години. Она што преживеало од објектот кој дошол, заедно со делови што се откачиле од нашава планета, се стопиле во едно и зафатиле постојана орбита околу Земјата.

9. Месечината изгрева поради Земјата

Земјата ротира околу сопствената оска, кон исток. Правејќи го тоа, ги повлекува по себе помалите тела од себе во истата насока (покрај Месечината постојат и астероиди, вселенски прав итн. во близината). Но, затоа што Месечината има релативно голема маса во однос на планетата на која ѝ е сателит, ротацијата околу Земјата е забавена на нецели 28 дена. Токму поради тоа, времињата на изгревање и заоѓање, како и позициите на Месечината се постојано различни во текот на месецот.

8. Не пости темна страна на Месечината

И покрај популарното верување, не постои темна страна на Месечината. Но, постои далечна страна која никогаш не ни е видлива. Поради нејзиното величество – гравитацијата, Земјата успеала да ја забави ротацијата на Месечината до точка кога една револуција и една ротација траат подеднакво. Оттаму, Месечината е секогаш свртена со истата страна кон Земјата.

7. Ниска гравитација

Месечината е 27% од величината на Земјата и далеку помалку масивна. Поради тоа, гравитацијата е 1/6 од онаа на нашава планета. Па, ако овде тежите 90 килограми, на Месечината ќе тежите само 15.

6. Поголема и помала полна Месечина

Орбитата на Месечината не е круг, туку елипса. Па така, разликата меѓу најдалечната позиција и најблиската позиција е околу 40 илјади километри. Кога е најблиску, полната Месечина е 14% поголема и 30% посјајна.

Но, ако мислите дека Месечината при изгревањето е поголема отколку кога ќе се искачи високо на небото, тогаш се лажете. Се работи за илузија и ако сакате да го проверите ова, измерете од исто место, со некој мал предмет (како молив) во обете позиции и ќе видите дека величината е идентична.

5. Насилна историја

Кратерите на површината од Месечината ни ја раскажуваат нејзината насилна историја. Таа нема атмосфера и речиси никаква внатрешна активност, па според тоа, секој кратер раскажува приказна за ужасно силен удар од некој залетан вселенски објект. За да ја цените повеќе, замислете што ќе ни се случеше нам, ако Месечината не беше таму за да ги прими сите тие удари? Можеби воопшто немаше да бидеме овде…

4. Не е топка

Не само што не е топка, Месечината не е ниту сфера. Нејзината форма е јајце. Излезете надвор кога е полна и погледнете – една од помалите страни секогаш е насочена директно кон вас. Дополнително, центарот на гравитација не е на географскиот центар, туку 2 километри настрана.

3. Месечинотреси!

Астронаутите од мисијата Аполо кои слетаа на Месечината, користеле сеизмолошка опрема за да ја измерат активноста на сателитот. И иако вулкански е неактивна, тоа не е случај со тектониката. Постојат мали потреси кои се главно предизвикани од гравитацијата на Земјата. И при тие потреси се создаваат мали пукнатини на површината и се ослободуваат гасови.

2. Влечење на океаните

Како што веројатно знаете, Месечината, покрај за многу други нешта што се случуваат овде е одговорна и за плимите и осеките. Иако нејзината гравитација е силна, не е доволно силна да ги размести цврстите површини на планетава. Но, затоа, си поигрува постојано со водените површини.

Како последица од ова влечење на океаните наваму-натаму, Месечината успева да украде дел од ротациската брзина на Земјата. Па така, нашата планета забавува околу 1,5 милисекунди секој век.

1. Месечината ќе си замине

Како што веќе напишавме, Месечината ќе си замине. Месечината се оддалечува од Земјата за 3,8 сантиметри секоја година. Кога ќе се оддалечи доволно за да се оттргне од гравитациското поле на нашава планета, ќе си најде сопствена орбита околу Сонцето, а последиците на Земјата ќе бидат незамисливи.

- Реклама -