На сите им е јасно дека доколку сакаат да се ослободат од вишокот килограми, треба да ја избегнат вечерата. Сепак, доколку не можете да му одолеете на вечерниот оброк, еве неколку намирници кои не дебелеат и лесно се варат:
Телото не користи иста количина енергија во текот на денот и вечерта, па вишокот храна го претвора во масни наслаги.
Доколку навечер не можете без храна, нека биде вашиот последен оброк барем најмалку три часа пред да легнете да спиете, и одлучете се за намирници богати со витамини кои нема да и штетат на вашата линија или сон.
Туната е идеален вечерен оброк, бидејќи е нискокалорична, богата со протеини и содржи мал процент на шеќери.
Освен што ќе ја залаже гладта, медот ќе ви овозможи и мирен и квалитетен сон.
Свежото сирење содржи казеин, протеин кој на вашето тело додека длабоко спиете му обезбедува доволно енергија.