Вселената има вкус на малина?

Повеќе...

Додека го испитувале теренот, германските астрономи во Сагитаурусот Б2 откриле примероци од групата на етил и смртоносниот пропил-цијанид. Станува збор за две најголеми досега откриени молекули во длабоката вселена. 


вселена

Астрономите од Макс Планк Институтот во Бон испитуваат дали огромниот облак од гас и прашина кои го заобиколува централниот дел на Млечниот пат навистина има вкус на малина. Германските научници всушност ги барале аминокиселините во вселената кои се одговорни за развојот на животот. Иако тие не се лоцирани сепак научниците успеале да пронајдат супстанции кои го даваат вкусот на малина. 
Астрономите со помош на телескопот IRAM сместен во Шпанија го анализирале електромагнетното зрачење емитирано од вжештениот и густ реон на ѕвездата Сагитаурус Б2 опкружено од огромен облак од молекули на гас и прашина кое се наоѓа во средината на нашата галаксија. Молекулите ги впиваат радиоактивните зраци и повторно ги емитираат кон другите енергетски полиња. 
Додека го испитувале теренот, германските астрономи во Сагитаурусот Б2 откриле примероци од групата на етил и смртоносниот пропил-цијанид. Станува збор за две најголеми досега откриени молекули во длабоката вселена. 
Етилот е тој што го дава вкусот на малина, но потребни се уште многу такви молекули за да се добијат вселенски малини. Минатата година научниците се намачиле додека да откријат аминокиселини во вселената, кога го откриле мoлекулот на амино-ацетонитрил, кој пак има улога во нивното настанување. 
 
- Реклама -