Масовна кампања против промените во XBox и PlayStation

Новите гејмерски конзоли сеуште не се нашле во продажба, а веќе предизвикаа огромно незадоволство со воведување на нова политика која може да забрани користење на стари игри, како и активација на само една игра за конзола.

Microsoft најверојатно ќе го воведе ова правило за престојниот XBox One што многу ќе се одрази на џебот на гејмерите. И онака игрите за конзоли се премногу скапи, па на овој начин нема да може да ги играте старите наслови од претходната генерација, ниту пак ќе може да игриате игри кои се позајмени од вашите пријатели.

microsoft-xbox-one530x290_060613_071813

Секако со оваа промена ќе биде уште потешко да се хакираат конзолите и да се играат пиратски игри.Тоа предизвика голем гнев кај гејмерите кои се органзираат преку Twitter за да го изразат своето незадоволство. Слична промена е најавeнaи кај Sony PlayStation 4.

[youtube]http://youtu.be/v4RbTsyBRTA[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -