Изборот на местото каде ќе седнете во автобус може да ги открие аспектите на вашата личност според најновите истражувања на психологот Др.Tom Fawcett.
Изборот на местото каде ќе седнете во автобус може да ги открие аспектите на вашата личност според најновите истражувања на психологот Др.Tom Fawcett.
Др. Fawcett дошол до ваков заклучок во едночасовното патување со автобус на релација Болтон-Манчестер. Врз основа на телесниот говор и интеракцијата со другите тој заклучил дека патниците се групираат во седум различни групи.
Тие што седат напред обично се оптимисти или луѓе свртени кон иднината и со напредни мисли, а оние што седат најназад се бунтовни типови кои не сакаат нивниот личен простор да го делат со другите.
Тие што седат во средината се назависни личности – најчесто оние помладите патници кои често читаат весници или слушаат музика за време на возењето. Најнапред до возачот седат оние што се расположени за комуникација и запознавање нови луѓе.
Оние кои автоматски седнуваат на посебно столче се личности кои се спремни на ризици и кои сакаат да седат на подигнато столче бидејќи така се чувствуваат поважно. Последната група се т.н. камелеони-патници на кои не им е толку важно каде ќе седат бидејќи се чувствуваат дека можат да се вклопат секаде.