Неверојатна фотографија: Бебе кое не знаеше дека е родено

Еден грчки доктор го фотографирал моментот кога породил жена која донела на свет бебе во недопрена плацента.

Акушерот Арис Цигрис ја објави фотографијата од новороденчето на својот Фејсбук профил по породувањето што е извршено на 12 март со царски рез во северниот дел на Атина.

Со оглед на тоа што плацентата не пукнала, доктор Цигрис вели дека бебето не сфатило дека е родено и продолжило да се однесува како уште да е во стомакот.

bebe

Плацентата е кеса исполнета со плодова вода во која фетусот се развива. Се состои од амнион и хорион. Течноста ја одржува телесната температура, го чува бебето од удари и повреди и ги обезбедува хранливите состојки и кислород. Плацентата се развива неколку дена по зачнувањето и се полни со течност до отприлика 38-мата недела од бременоста, а потоа лесно се намалува и пука непосредно пред породувањето.

Доктор Цигрис вели дека шансите плацентата да остане недопрена се „ултра ретки“ и дека останал без здив кога го видел новороденчето.

Џесика Алба се породила на овој начин

Актерката Џесика Алба ја родила својата ќерка Хејвн во 2011 година со плацента.

121005stajess-(6)-bb52a

„Бев среде породување, кога докторот ме запре и ми рече да почекам и да не напнувам. Ја повика сестрата и рече: „Види го ова“. Беше вчудоневиден. Водењакот пукна сам од себе кога Хејвн излезе. Беше лудо“, раскажала Алба.

- Реклама -