Неверојатни факти за и околу Вселената

ova.jpg Колку знаеме за вселената? Со денешнава технологија навистина секој ден се открива нешто ново, но сепак, би било убаво да застанеме, да земем здив, и да видиме до каде сме ние со „ вселенско “ знаење. Тука можете да видите и да научите многу интересни факти, а и неверојатни, за нашата вселена. И веројатно, не само нашата 🙂

Колку знаеме за вселената? Со денешнава технологија навистина секој ден
се открива нешто ново, но сепак, би било убаво да застанеме, да земем
здив, и да видиме до каде сме ние со „ вселенско “ знаење. Тука можете
да видите и да научите многу интересни факти, а и неверојатни, за
нашата вселена. И веројатно, не само нашата 🙂

space.1.jpg

– Во вселената, секоја течност во слободна форма ќе се формира во сфера.
– Меркур, Венера, Земјата и Марс се наречени внатрешни планети, затоа што се најблизу до Сонцето.
– Olympus Mons, вулкан пронајден на Марс, е најголемиот вулкан кој е пронајден во нашиот сончев систем. Широк е 595 км и висок 24 км.
– Вселенската ера започнала на 4 Октомври 1957.
– Ако сакате да ги изброите сите звезди во галаксијата, во просек по една во секунда, ќе ви требаат 3.000 години да ги изброите сите. ( со среќа 🙂
– Британија има лансирано само еден сателит и се вика Black Arrow.
– Шансите да бидете убиени во вселената се 1 во 5 билиони.
– Возејќи со 121 км/ч, ќе ви требаат 258 дена за да извозите еден прстен на Сатурн.
– Астронаутот Нил Амстронг ( првиот човек на месечината ) кога стапнал на Месечината тоа го направил со левата нога.
– Првиот милениум, 1 – 1000 п. н. е.  имал 365.250 дена. Нашиот сегашен милениум, 1001 – 2000, ќе има 365.237 дена. Третиот милениум, 2001- 3000 ќе содржи 365. 242 дена. Причината за разликите се различнире календарски системи кои се користеле меѓу милениумите.
– Единствениот брачен пар кои заедно биле во вселената се  Џон Дејвис и Марк Ли, кои биле на Endeavour шатлот, од 12 до 20 Септември 1992.
– Ако врескате во вселената, дури и некој да стои веднаш до вас, нема да може да ве чуе.
– "Moon"( месечина ), било моминското име на мајката на Баз Олдрин ( вториот човек на Месечината )
– Февруари 1856 и Февруари 1999 се единствените месеци забележани во историјата без полна месечина.
– Првиот сателит направен од човекот се викал Спутник.
– Првата жена во вселената била русинката Валентина Терешкова.
– Еден ден на Плутон е долг колку што е една недела на Земјата.
– Густината на Сатурн е толку мала, што ако ја ставите во вода, таа ќе плови. Густината на Сатурн е 0.687г/цм3, додека густината на водата е 0.998г/цм3.
– Се движиме низ вселената со брзина од 530 км во секунда.
– Нашата галаксија – Млечниот Пат, се врти со брзина од 305 км во секунда.
– Сончевата светлина што ја гледаме денеска е стара 30.000 години. Поголем дел од времето таа го користи за да се пробие низ светлинските атоми на Сонцето, а и требаат само 8 минути да стигне до нас.
– Температурата на јадрото на Сонцето е 13.600.000 Келвини.
– Сонцето губи билион киограми во секунда поради соларните ветрови.
– Уран првично била крстена „ Звездата на Џорџ “ ( „ George’s Star “ ). Ја открил Сер Вилијам Херчел и тој ја имал честа да ја крсти. Ја крстил по неговиот нов крал, Кралот Џорџ Трети ( Лудиот крал Џорџ ).
– Ако две парчиња метал се допрат во вселената, ќе останат залепени заекогаш. Иако е неверојатно, вистинито е. Ова не се случува на Земјата бидејќи Земјината атмосфера им дава оксидирачки слој на површините. За ова да не претставува проблем во вселенските станици, сите алати веќе се покриени со материјал.
– Речиси целиот кислород на Земјата е од живи организми. Кислородот сочинува 21% од нашата атмосфера, нитрогенот 78% и мешавина од други гасови го сочинуваат преостанатиот 1%. Кислородот во атмосферата на другите планети во сончевиот систем го има само во минимални количини.
– Земјата во просек има најголема густина. ( 5. 52г/кубен цм )
– Најголема вулканска активност после Земјата има месечината на Јупитер, Ио.
– Месечината на Јупитер, Европа, можно е да има течна „ океанска “ вода под нејзината замрзната површина.
– Месечината на Јупитер, Ио, тежи колку една третина од Земјата, а има температура дупло поголема од Земјата.
– Ганемид, една од месечините на Јупитер, е најголемата месечина во нашиот соларен систем. Поголема е од Меркур и Плутон.
– Јупитер има најкраток ден во соларниот систем. Денот таму трае само 10 часа.
– На Марс не постои вода во течна состојба. Ја има само во форма на мраз и во гасовидна форма.
– Најголемиот канон во соларниот систем се наоѓа на Марс. Valles Marineris е долг повеќе од 3000 милји и би се протегал од Калифорнија до Њујорк.
– Гравитационата сила на Марс е само една третина од гравитацијата на Земјата.
– Месечини во соларниот систем кои се поголеми од планети: Ganymede, месечината на Јупитер ( најголемата месечина во соларниот систем ) и Titan, месечината на Сатурн се поголеми од Меркур и Плутон. Нашата месечина, Callisto, Io,  Europa
( месечините на Јупитер ), и Triton, месечината на Нептун се поголеми од Плутон, но помали од Меркур.
– Ако ги соберете сите познати астероиди од астероидскиот појас, ќе тежат само 10% од масата на нашата Месечина.
– Нашата Месечина тежи само 18% од масата на Земјата.
– Понекогаш орбитата на Плутон ја носи планетата во орбитата на Нептун, за неколку години. Моментално се наоѓаме во еден од тие периоди, па сега Нептун е најодалечената планета од Сонцето.
– Плутон е оддалечена од Сонцето 40 пати повеќе отколку што е Земјата од Сонцето.
– Сите од четирите џиновски планети: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун – имаат прстени. Пред 20 години се знаеше дека само Сатурн има прстени. Системот со прстени на Сатурн досега е најголем и најразвиен отколку на другите четири.
– Венера орбитрира многу бавно. Денот на Венера трае 243 дена на Земјата.
– Венера е најсветлиот природен објект на небото, после Сонцето и Месечината. Може да биде 15 пати посветла од најсветлата звезда, Sirius.
– Сите главни работи на планетата Венера се крстени според познати жени од историјата и митологијата.
– Како што кометите се приближуваат до Сонцето, нивните опашки можат да бидат долги од орбитата на една планета до орбитата на друга.
– Кометата Hyakutake кога се приближува до Сонцето, испушта тонови вода.
– Моторот на спејс шатлот тежи 1/7 од моторот на возот, но има коњска сила на 39 мотори од воз.
– Леталото Pioneer 11 кое летало покрај Јупитер со брзина од 107.000м/ч, постигнало најголема брзина што е постигната со возило направено од човекот.
– На речиси 6 билиони милји далеку, Pioneer 10  е најдалечниот објект направен од човекот. Радио сигнали до таму, ако се со брзина на светлината ( 186.000 милји во секунда ), би стигнале за 9 часа. И ќе требаат уште 9 часа за леталото да одговори.
– Со голо око, од Земјата можеме да видиме приближно 8.000 звезди.
– Првиот Американец кој јадел храна во вселената е Скот Карпентер, на леталото Aurora 7 во 1962.
– Само 12 луѓе посетиле друг свет, односно стапнале на почва надвор од Земјата. Сите тие биле на Месечината помеѓу 20 Јули 1969 и 13 Декември 1972, како дел од АПОЛО програмата.
– Околу 1000 Земји би ги собрало во Јупитер, и околу 1000 Јупитери би ги собрало во Сонцето.
– Најголемата планина во соларниот систем е Olympus Mons, на Марс. Со височина од 26 км. трипати е повисока од Монт Еверест. Таа е долга 600 км.
– Големите канали и долини на Марс се крстени според името Марс во најразлични јазици. На пример, има област на Марс која е наречена Ares Vallis. Ares на грчки значи Марс.
– Сонцето изгледа 1600 пати побледо кога е гледано од Плутон отколку што изгледа на Земјата.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

И можеби најинтересниот факт од сите:
– – Знаеме повеќе за вселената отколку за длабочините на нашите океани.

 

- Реклама -