Пронајдете го вашиот вистински доживотен партнер

couple2.jpg Салса, прошетки на полна месечина, камин, свеќи и човечки гени:
Добредојдовте во генетички романтичното време! Швајцарската компанија
GenePartner нуди услуга преку која ги проценува двојките и самците
според нивните гени, а потоа им нуди избор од нивната база на
„потенцијални кандидати“.


Салса, прошетки на полна месечина, камин, свеќи и човечки гени: Добредојдовте во генетички романтичното време! Швајцарската компанија GenePartner нуди услуга преку која ги проценува двојките и самците според нивните гени, а потоа им нуди избор од нивната база на „потенцијални кандидати“.
couple.jpg
GenePartner ќе ја анализира вашата ДНК со помош на малку плунка (и $199), а на основа на тие резултати потоа ќе добиете GenePartnerID број. Кога ќе сретнете некој корисник на овие услуги, ќе треба само да го внесете неговиот број и да оставите алгоритамот на GenePartner да ви каже колку си одговарате генетски.

Сепак, ако ви се допаѓа некој и GenePartner ви каже дека таа личност не е за вас, што би направиле? Дали би се потпреле на вашето претчувство и „пеперутките“ во стомакот или би оставиле тоа да го стори алгоритмот на некоја странска компанија?

Изборот е ваш.

[GenePartner]

[Looking for Love In All the Right Alleles]

- Реклама -