Дали жените памтат повеќе од мажите?

Повеќе... Според психолошките студии жените се во предност кога се работи за паметење лица и вербални информации.

608.jpgСпоред психолошките студии жените се во предност кога се работи за паметење лица и вербални информации.

Истражувачите тврдат дека жените се во предност кога се работи за т.н епизодна меморија односно вид на долгорочна меморија која се базира врз личното искуство.

Шведски тим на психолози покажаа дека во просек жените подобро памтат лица отколку мажите, особено кога се работи за женски лица. Овие наоди може да имаат еволутивно објаснување зошто според психолозите жените секогаш се во  меѓусебен натпревар за подобрите мажи, оние со добри гени и потенцијал за да дадат добар потомок.

Паметењето детаљи од личните искуства е важно за контролирање и управувањето со врската, вклучувајќи го во тоа и прекинувањето на социјалните и романтичните врски на другите жени кои се сопернички. Порани студии исто така покажаа дека жените имаат подобра меморија за вербални информации, што им помага полесно да ги насетат скриените мотиви и интенции кај другите (женска интуиција?), вештина која по се изгледа не е најјаката страна кај мажите.

- Реклама -