Едно неодамнешно истражување покажа дека мозокот излачува еден вид природни опијати кога ќе дојде во допир со некоја нова информација на која и треба интерпретација. Тоа објаснува зошто луѓето остануваат закачени на интернет толку долго време.
Едно неодамнешно истражување покажа дека мозокот излачува еден вид
природни опијати кога ќе дојде во допир со некоја нова информација на
која и треба интерпретација. Тоа објаснува зошто луѓето остануваат
закачени на интернет толку долго време.
Што го прави сурфањето на интернет буквално неодоливо? Одговорот можеби лежи во едно истражување направено од Irving Biederman, научник кој ја проучува еволутивната и биолошка основа на човечката потреба за информации.
Biederman направил експеримент покажувајќи им на волонтери различни фотографии и заклучил дека тие преферираат некои фотографии повеќе од другите. Оние преферираните фотографии кои имале одредени заеднички карактеристики, во основа содржеле елемент на мистерија, а според Biederman сите претставувале нова информација на која на некој начин и треба некаква интерпретација.
Кога волонтерите биле подложени на скенирање на мозокот, при набљудување на оние преферираните фотографии се покажала поголема мозочна активност отколку при набљудување на оние другите „помалку интересни“ фотографии. Истражувачите тоа го објаснуваат така што во тој момент мозокот продуцира зголемена количина на неуротрансмитери наречени опиоиди кои предизвикуваат зголемено чувството на задоволство. Со други зборови во мозокот се случува хемиска реакција што прави да се чувствуваме добро, што од друга страна прави да сакаме тоа чувство да го доживуваме повторно. линк