Дали Tyrannosaurus rex бил навистина мршојадец – големо, грозно
суштество кое ги заплашувало животните и им го преземало пленот на
вистинските предатори, а не ловец каков што го знаеме досега?
Дали Tyrannosaurus rex бил навистина мршојадец – големо, грозно суштество кое ги заплашувало животните и им го преземало пленот на вистинските предатори, а не ловец каков што го знаеме досега?
Секако тоа не е слика на која сме навикнати, слика која Холивуд ни ја презентирал досега.
“Ниедна научна литература не поседува доказ дека Т-Rex бил предатор – тоа е претпоставка која сите ја имаме“ – вели Џеј Хорнер кој веќе неколку години го истражува ова суштество.
„Тој би можел да убие рането, старо и изнемоштено животно, но со оглед на неговата големина во однос на останатите предатори во тоа време, заплашувањето и одземањето на пленот изгледа како полесна опција.“
„Кога ќе го анализирате скелетот и ќе ги погледнете атрибутите на T-Rex, споредени со животни за кои сме сигурни дека биле предатори како рапторите, гледате дека тие имаат заоблени канџи, трчале брзо, имале латерално завиени заби и можеле да ја грабнат жртвата со своите раце. Т-Rex е скоро спротивното од сето ова. Погледнете ги неговите раце. Тие се бескорисни.“
T-Rex тежел значително и експертите за биомеханика веруваат дека му требале 2 секунди за да се сврти 45 степени, а при спринт достигнувал брзина од максимални 40км/ч.
T. rex goes on trial
T.Rex: The Killer Question
T. Rex Was Slow-Turning Plodder, Study Suggests