Истражувачите се обидуваат да изнајдат начини за регенерација на
прстите – и во иднина, дури и на екстремитетите – со трикови што звучат
како магии од романот за Хари Потер.
Истражувачите се обидуваат да изнајдат начини за регенерација на прстите – и во иднина, дури и на екстремитетите – со трикови што звучат како магии од романот за Хари Потер.
Едно момче во САД си го пресекло врвот на прстот, но делот повторно му израснал, откако тој го лекувал со екстракт од свинска бешика, додека научниците успеале да израснат дополнителни раце со помош на саламандер. Тука се и лабораториските глувци имаат таинствена способност за самоизлекување.
Ова лето, научниците планираат да откријат дали свинскиот екстракт во прав може да им помогне на повредените војници во регенерацијата на деловите од нивните прсти. Исто така, еден голем федерално финансиран проект се обидува да ја открие тајната за тоа како некои животни имаат способност за толку вешта регенерација на деловите од телото, со надежи дека овие лекции ќе можат да се применат и кај луѓето.
Импликациите од регенерацијата на прстите одат подалеку од козметиката. Луѓето коишто ги изгубиле сите или пак поголем број од своите прсти, поради експлозија или пожар, многу често не можат да ги подигнат предметите, да си ги измијат забите или пак да закопчаат копче. Кога тие би можеле да израснат барем мал дел од оштетените прсти, тоа би можело да направи огромна разлика во нивните животи.
Лекциите научени од истражување на регенерацијата на прстите и екстремитетите би можеле да допринесат на полето на регенеративната медицина, можеби еден ден да им помогнат на луѓето да ги заменат оштетените делови од нивното срце или 'рбетен мозок, и да ги излекуваат раните и изгорениците со нова кожа, наместо да живеат со лузни.