Сериозен пробив на безбедноста кај Facebook апликацијата на Android

Facebook повторно се соочува со сериозен пробив на безбедноста и личните податоци при користење на мобилната апликација Pages Manager за Android.

Проблемот лежи во неправилно однесување на апликацијата – со испраќање на приватна порака од admin на која и да е страница, која има прикачена слика, сликата се појавува јавно на ѕидот на страницата. За секој корисник кој ќе посети страната, сликата ќе се појави како нормално пуштена порака јавно на ѕидот.

Тоа е сериозен проблем, бидејќи ефикасно ја нарушува личната кореспонденција и создава предуслов за истекување на лични податоци. Освен тоа апликацијата се користи за администрирање на Facebook страници и е инсталирана над 5 милиони пати.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Многу корисници веќе имаат испратено бројни пораки до тимот на Facebook, но не добиле одговор од нив. Проблемот не се јавува при користење на социјалната мрежа во десктоп прелистувач, што значи дека проблемот лежи во самата апликација.

Во моментов Facebook го разгледуваат случајот и уверуваат дека во најкраток рок ќе го решат проблемот.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -