Чекорете во апостолки од трева

За сите оние кои љубат да шетаат боси по трева, една американска компанија нуди „тревни“ папучи. Јапонската компанија Firebox го создаде овој производ, обложен со вештачка трева, кој дава чувство на чекорење по штотуку искосена ливада.

Апостолките се особено наменети за оние кои живеат во град, па фантазираат за природа. Истите чинат 38, 19 долари и ги има во машка и во женска верзија.

Оние на кои оваа цена им изгледа превисока, можат да се прошетаат кон најблискиот парк и да зачекорат боси по тревата, под услов да нема табла која предупредува дека е забрането одење по зелени површини.

[youtube]http://youtu.be/eTWAzi1I5ps [/youtube]

 

 

- Реклама -